
Бебето знае кога е “вистинскиот” момент
Бебето знае кога е “вистинскиот” момент
Отако ќе дознаете дека сте трудни, поголемиот број на трудници едвај чекаат гинекологот да им соопшти кој е нивниот термин за раѓање. Гинеколозите даваат голема важност на тој термин за раѓање но идните мајки би требало да знаат дека бебето ќе дојде на свет кога ќе биде спремно за тоа. Статистички гледано, само 5% од трудниците се пораѓаат со “предвиден” датум а останатите трудници се раѓаат колу 10 дена разлика од терминот. Просечното траење на бременоста варира од 37 до 42 недела. Доколку не постои медицинска причина за предвремено породување или пак царски рез, не постои причина зошто не би овозможиле бебето да одлучи кога ќе дојде на свет. Сите врсти на индукции и желби бебето да се роди пред тоа да биде спремно се навистина непотребни доколку трудницата добро се чувства. Природното пораѓање без индуцирања е најдобриот подарок кој можете да го подарите на своето бебе. Новите студии на гинеколози во Сад, го имаат поделено последното тромесечје во четири групи.
– Ран термин (37-38 недела)
– Добар термин (39-40 недела)
– Задоцнет термин (41 седмица)
Она што посебно се нагласува се сериозните ризици на кои е изложено бебето доколку се роди пред терминот. Границата на добар термин, е поместена за две седмици однапред. Секој ден поминат во мајчиниот стомак за бебето значи многу. Од таа причина, не се препорачува да се предизвикува предвремено породување. Бебето ќе ви даде знам дека е спремно.