ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Бебето знае многу повеќе отколку што мислите
    Бебето знае многу повеќе отколку што мислите

    Бебето знае многу повеќе отколку што мислите

    Родителите треба да знаат дека нивните деца од најраните години можат да учат и да ги преиспитуваат работите, но во тоа треба да ги поттикнете, кажува најновата студија…

    Метакогнитивните способности овозможуваат луѓето активно да бараат нови информации и да ја прилагодат својата стратегија на учење на специфични ситуации. Кога децата ќе сфатат дека не знаат се и каде да ги бараат одговорите на прашањата кои ги имаат, можат брзо да учат и тоа без повторување на истите грешки.

    Кога детето ќе наполни 20 месеци, може да се служи со лажица и вилушка. Може да ја фрли топката. Може да го најде вашиот омилен кармин за усни и да го нахрани кучето со него. Може да го фрли вашиот телефон во WC шоља и да се насмее на тоа.

    Колку бебето го разбира светот околу себе и своето место во него

    Спрема новите испитувања, вашето дете знае повеќе од што мислите вие.

    Истражувањата покажале дека 20-месечни деца се способни за софистицирана форма на размислувања која се вика метакогниција. Според др. Сид Кодер, еден од авторите на студијата, метакогницијата најдобро може да се опише како инстинкт врзан за сопственото знаење, односно незнаење. Луѓето со него непрекинато се служат и проценуваат дали проблемот со кој се соочени може да се реши.

    Значи, сознавањето дека нешто не знаеме претставува метакогниција, како и интуицијата која ви кажува дека не сте во право и дека нешто сте погрешиле.

    Порано се сметало дека децата оваа вештина ја развиваат подоцна во животот, но Кудер и неговите соработници утврдиле дека бебињата од 20 месеци веќе “знаат кога веќе не знаат и способни се тоа да го пренесат на родителите”, за да го решат проблемот. Нивното сфаќање како функционира нивното опкружување и нивното место во него е пософистицирано од тоа како нивните родители и воспитувачи можат да замислат.

    “Во претходните истражувања се проучувани само работите кои децата можат вербално да ги пренесат. Бидејќи бебињата не можат со зборови да објаснат дали нешто разбираат или не, истражувачите претпоставиле дека не се во можност да ја изразат несигурноста или да бараат помош”, заклучува Кудер.

    Тој со соработниците дошол до претпоставка дека тоа не е вистина, бидејќи веќе е докажано дека некои животни како што се глувците и мајмуните може да се свесни за своето незнаење кога се тестираат во некоја лабараторија.

    Тимот на Кудер смислил невербален тест на паметење за да утврдат дали бебињата ќе бараат помош. Децата морале да ја запаметат локацијата на играчката скриена позади една или две кутии ставени на масата. После пауза од три до 12 секунди од децата се барало да ја покажат кутијата позади која се наоѓа играчката. Кога виделе каде е скриена играчката, бебињата успеале да го решат проблемот без барање на помош.

    Меѓутоа, кога задачата било невозможно да се реши-на пример, кога играчката е скриена а бебињата не виделе каде-тие постојано гледале во правец на своите родители барајќи помош.

    Зошто е важна метакогницијата? Кудер кажува дека овие информации се важни за родителите и за сите оние кои се занимаваат со рана едукација.

    “Постојат два начина да го научите детето на нешто ново”, објаснува Кудер. “Првиот е да му дадете информација. Тоа е вообичаен начин на учење. Другиот и подобар начин е детето да го научите како да учи. Научете го како да ги пронајде одговорите наместо вие да му ги кажете”.