• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Бебиња родени во зима
Бебиња родени во зима

Бебиња родени во зима

Родителите на бебињата кои се родени во зима се соочуваат со голем број на проблеми: кога и како да го изнесат бебето надвор за прв пат, дали е доволно топло во домот, дали воздухот е премногу сув, како да се заштити новороденчето од вируси?

Првата прошетка со бебето во зима

За да излезете на прошетка во зима, пожелно е да почекате бебето да се адаптира на надворешна средина и да го изнесете дури откако ќе наполни еден месец. Се подразбира дека е потребно волку долго да чекате ако температурите се константно под нула степени. Најдобро би било денот да биде мирен, без ветар и со малку сонце.

Идеален момент за првата прошетка со бебето е кога на бебето ќе му отпадне пупачето и кога времето е потопло. Кај некои бебиња тоа се случува после три дена, додека пак други мораат да почекаат и по десет дена. Најнапред можете да ги изнесете на тераса, пред куќа или во двор, а потоа и да го зголемувате времето поминато надвор.

Првата прошетка ограничете ја на 15 минути, а секој нареден ден зголемувајте за 5 минути. Прошетката ќе му годи на бебето за подобро да заспие и да има подобар апетит.

Бебето за излегување облечете го слоевито. Најпогоден изолатор се неколку тенки слоеви на облека. Потребно е бебето и дополнително да го стоплите до неговиот трет месец, затоа што тоа сеуште нема добра терморегулција.

Бебето може да се носи надвор до температура која изнесува -10 степени. Доколку е пониска, би било добро да го одложите излегувањето. Исто така, избегнувајте да го изнесувате бебето доколку дува силен ветар, врне дожд или снег и особено ако има магла.

Доколку времето не дозволува прошетка, трудете се што почесто да ги проветрувате просториите во кои бебето престојува.

Бебето и сувиот воздух

Во зима во повеќето станови воздухот е сув. Децата кои престојуваат во такви простории имаат склоност кон сушење на кожата, која станува сува, црвенкаста и почнува да се перута.

Сувата слузокожа на носот предизвикува намалена отпорност на настинки.

Температурата на воздухот не би требало да поминува 22 степени во текот на денот и 18 степени во текот на ноќта. На радијаторите или печките задолжително држете садови со вода или обезбедете електричен освежувач на воздухот.

Водете грижа секојдневно, дури и по неколку пати дневно, а особено во време на настинки, да ги чистите со физиолошки раствор очите и носот на бебето. Ушниот канал чистете го со марамица или со врвот на крпа натопена во топла вода.