
Бебињата имаат рефлекс кој ги штити од паѓање
Кога ќе почувствуваат дека паѓаат затоа што некој случајно ги испуштил, бебињата рефлексно се фаќаат за таа личност, па со тоа го забавуваат падот и “купуваат” неколку важни секунди кои на другите им овозможува да ја исправат грешката и да ги задржат – вели Дин Дејвис, специјалист за ран развој на децата во една американска болница.
Тој вели дека бебињата имаат развиен моро рефлекс со кој се штитат од паѓање.
-Кога и да почувствува бебето (оправдано или неоправдано) дека паѓа или ако оддеднаш се уплаши, почнува да ги “фрла” рацете на двете страни, како да пробува да лета. Тоа е знак дека нервниот систем на детето правилно се развива, а вродениот рефлекс обично исчезнува после третиот месец – објаснува Дејвис.