Бебињата користат лажен плач за да го привлечат вниманието на родителите
Децата кои се во состојба лажно да заплачат можат секојдневно успешно да комуницираат со личностите кои се грижат за нив, а лажниот плач исто така може да допринесе во нивната врска, тврдат јапонските научници.
Бебињата на возраст од 7 месеци користат лажен плач како би им се посветило внимание. Јапонските научници набљудуваа шаблони на плачење на две девојчиња на возраст од седум и девет месеци во период од шест месеци.
Др. Хирока Накајама од училиштето Sacred Heart во Токио изјави дека помладото дете користело лажен плач за да го привлече вниманието на мајката. Меѓутоа, додека многумина на лажниот плач гледаат со неодобрување, Накајама изјавува дека тој може да има позитивно влијание на односот на родителите со детето. Таа смета дека лажниот плач е корисен облик на комуникација кој во голема мера допринесува не само за социјалниот туку и за емотивниот развој на детето.
Децата кои се во состојба лажно да заплачат можат секојдневно успешно да комуницираат со личностите кои се грижат за нив, а лажниот плач исто така може да допринесе во нивната врска, тврди таа.
За времето на набљудувањето на двете девојчиња научниците забележаа дека помладото девојче имало 68 епизоди поврзани со плачење, додека повозрасното имало 34 епизоди поврзани со плачење. Во еден момент, помладото девојче намерно започнувало со плачење кога мајката би се одалечила, но по нејзинито враќање плачењето би завршило.
Лажното плачење во споредба со вистинското плачење, полесно може да се детектира, затоа што детето веднаш по престанувањето со плачење се насмевнува.