Бебињата ни се смеат затоа што сакаат кога сме среќни
Во експериментот бебињата се смееле само кога мајчината насмевка била упатена токму кон нив.
Малку работи во животот нудат толку среќа како бебешката прва насмевка. Спрема студијата на калифорниските научници од Универзитетот во Сан Диего, се чини како бебињата совршено разбираат кога сакаме да не направат среќни.
Научниците тврдат дека бебињата свесно им се смеат на мајките затоа што очекуваат тие да им возвратат со ист израз на лицето. Бебињата го воспоставуваат овој вид на комуникација со мајката затоа што сакаат да ја гледаат како се смее, тврдат научниците. Во истражувањето учествувале бебиња помеѓу четири и седумнаесет неделна возраст и нивните мајки. Научниците сакале да откријат кои реакции настануваат кога мајката и детето истовремено се насмевнуваат и кога ниту еден од нив не се смее. Испитувале и што се случува кога само мајката се смее, а што кога само детето се смее. За да ги измерат резултатите од тие однесувања на мајките и нивните бебиња, тие користеле техники кои се користат во роботиката, психологијата и математиката.
Бебињата покажале специфично однесување кога нивните мајки се смееле во однос на однесувањето кога имале сериозен израз на лицето.
Бебињата им се насмевнувале на мајките кога мајките, гледајќи ги во очи, им се насмевнувале, што за научниците било очекувано. Во ситуација кога веќе од порано насмеаните мајки се вртеле кон своето бебе, се случувала поинаква ситуација – бебињата не им возвраќале.
Бебињата возвраќале со насмевка само кога насмевката на мајката била спонтана и исклучиво наменета за нив. Научниците кои го спроведувале експериментот потврдиле и дека е потребно да се игра со бебињата како тие би се насмеале. Студиите веќе одамна покажале дека децата учат со имитација. Нивната перцепција е многу остра уште од најрана возраст, а се што се работи со нив во детето буди неуролошки одговор.
Значи, ако бебето види дека мајката е среќна додека ја гледа, ќе ја имитира, ако возрасните земат играчка во рака, тоа ќе го направи и детето. Авторите на студијата истакнале како со ова истражување се утврдени основите на интеракцијата помеѓу бебињата и родителите, нешто што досега не било истражено.