
Бебињата од 15 месеци разликуваат добро и лошо
Често се смета дека можноста за сознаие за тоа што е добро, а што е лошо е една од особините која не разделува од животните. Новата студија покажа дека способноста за воочување на разлика помеѓу исправно и погрешно ја поседуваат дури и бебињата.
Исто така, децата кои покажуваат разбирање за она што е праведно и неправедно повеќе сакаат своите работи да ги делат со другите.
Истражувањето е спроведено на бебињата кои при распределба на храна биле во можност да разликуваат праведно од неправедно.
Џесика Самервил, вонредна професорка по психологија на Универзитетот во Вашингтон вели дека истражувањето покажало дека бебињата порано ги усвојуваат нормите на праведност и алтруизам, отколку што досега се мислело.
“Кај децата кои биле почувствителни на начинот на распределба на храната постои и поголема шанса дека полесно ќе прифатат делење на своите омилени играчки”, вели Самервил.
На бебињата од 15 месеци им се покажани две видеа на кои двајца луѓе делат прво бисквити, така што прво добиваат иста количина, па потоа еден од нив добива повеќе. Сличен видео им е прикажан и по втор пат, само што тогаш се работело за млеко.
Научниците ги прателе бебињата, односно дали истите ќе обрнат внимание на распределбата на храната, колку секое од нив обрнало внимание на тоа што е фер а што не е фер, односно колку биле изненадени, пишува магазинот PLoS ONE.
Воочиле дека бебињата повеќе време поминале гледајќи ја онаа снимка во која храната не била правилно распределена.
Во следниот експеримент научниците ги снимале бебињата и гледале како тие ќе реагираат кога некој странец ќе им побара играчка. Оние бебиња кои биле почувствителни на распределбата на храната се согласувале на тоа да ги поделат своите играчки.