
Бебињата растат додека спијат
Дали некогаш сте го погледнале своето бебе кое спие и сте се запрашале дали оддеднаш пораснало? Истражувачите од Универзитетот Емори во Атланта, можеби ќе се согласат со вас. Нивната студија покажа дека кога бебињата спијат повеќе од вообичаено постои можност дека ќе се разбудат подолги за еден сантиметар.
Еве зошто е оваа информација важна… Сите родители им посакуваат на своите бебиња здрав сон. На Универзитетот Емори во Атланта, др.Мишел Лемпл била задолжена за истражувањето на врската помеѓу спиењето и растењето. Истражувањето е спроведено во повеќе домови во кои имало бебиња.
“Кога ги посетував домовите родителите беа воодушевени дека нивното бебе спиело цела ноќ. Тоа ме поттикна на размислување за врската помеѓу спиењето и растењето”.
Др.Лемпл ги замолила родителите да запишат се што правеле нивните бебиња, вклучувајќи го и времето кога спиеле и јаделе. Истражувачите ги посетувале бебињата во нивните домови и забележувале сопствени податоци за 23 бебиња во текот на 17 месеци.
“Оваа студија е направена да одговори на одредено прашање, дали постои врска помеѓу спиењето и растењето? Ова истражување даде потврдни резултати дека подолгиот сон е поврзан со растењето”.
Истражувањето покажа и дека подолгиот сон и кај девојчињата и кај момчињата делува и на зголемената телесна тежина. Се покажа дека постои разлика помеѓу навиките на девојчињата и момчињата. Момчињата спијат подолго во текот на денот, додека девојчињата спијат повеќе во текот на ноќта и потоа пократко во текот на денот. Др. Лемпл вели дека истражувањата покажаа дека тоа привидно “сецкање на сонот” е нормален дел од развојот.