Бебињата во оваа болница на популарниот празник стануваат суперхерои и цртани јунаци
Во последните четири години една медицинска сестра од одделот за интензивна нега на бебиња од детската болница во Атланта за ноќта на вештерките малечките ги облекува во интересни маски и костими.
Нејзината цел е да ги развесели родителите на бебињата кои ноќта на вештерките ја поминуваат на одделението за неонатална интензивна нега.
Неименуваната медицинска сестра со изработка на костимите и плетењето започнува на пролет, а завршува на 31 октомври. Секоја година има нови идеи, а инспирацијата ја пронаоѓа на друштвената мрежа Pinterest.
Цела приказна започнала како хоби, а наскоро прераснала во болничка традиција која освен на родителите и бебињата му носи голема радост и на персоналот.
Костимите од оваа година ги вклучуваат Скуби Ду, Дамбо, Роки, Кралот Лав и многу други популарни ликови.