ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Бебињата знаат да се шегуваат
    Бебињата знаат да се шегуваат

    Бебињата знаат да се шегуваат

    И бебињата од 18 месеци имаат развиен смисол за хумор, разбираат шеги и способни се и самите да ги направат, особено доколку имаат духовити родители. Околу шестата година во потполност разбираат и посложени шеги.

    Спрема една британска студија и бебињата од 18 месеци имаат развиен смисол за хумор, разбираат шеги и способни се и самите да ги направат. Доколку има духовити родители и бебето со тек на време, имитирајќи ги, ќе стане духовита, ведра личност, која ќе биде склона на шеги – заклучуваат во истражувањето кое е спроведено од страна на група психолози од Факултетот за психологија во Кардиф.

    Истражувањето траеше десет полни години, а британските психолози, помеѓу останатото, открија дека родителите шегаџии, зборуваат поинаку кога се шегуваат или кога раскажуваат некој виц. Имено, во тој случај секогаш користат ист тон.

    Бебето од година и половина, во состојба е да забележи разлика во интонација, а некаде околу вториот роденден, благодарение на тонот во говорот на родителот, тоа почнува да сфаќа кога родителот пробува да се шегува.

    И како што детето се учи имитирајќи ги возрасните, тоа така, набљудувајќи ги и слушајќи ги духовитите родители и самото станува духовито и сака да се шегува. На пример, ќе проба да се сокрие и да ве уплаши. Сепак, дури околу шестата или седмата година детето е во потполна состојба да ја сфати играта на зборови или некоја загатка, па и посложена шега.