Белези и исипи при раѓањето кај бебиња
Белезите и исипите при раѓањето се модификации на пигментот во кожата на бебето. Тие не претставуваат опасност по здравјето, но треба да се увидат во првите неколку недели за потоа да не ги помешате со модринки или локализирани исипи што се јавиле подоцна. Некои белези изчезнуваат по неколку недели, а за други ќе поминат години. Ако некој белег ве загрижува, поразговарајте со сервисната служба. Најчести видови се следниве:
Монголски дамки (конгенитална дермална маланоцитоза): Овие сино – зеленикави белези, типично ги наоѓаме на задникот на бебето или околу него и во долниот дел на грбот. Монголските дамки се најчести кај бебињата со африканско, латинско, индијанско и азиско потекло, но можат да се јават кај сите бебиња. Дамките ќе избледнат додека бебето наполни две или три години.
Црвени белези (невус фламеус): Овие црвени или нежно розови дамки, што често погрешно се сметаат за исипи, типично ги забележуваме на вратот, челото, носот или кај веѓите на бебето. Дамките можат да се вцрват кога бебето ќе заплаче или ќе крене температура, најчесто изчезнуваат до шестата година.
Токсичен еритем: Се јавуваат во форма на белузлаво-жолти “пликови”,што понекогаш погрешно се толкуваат како инфекција, со црвеникава обвивка. Во текот на првите недели од животот на бебето, овие дамки можат да се рашират низ целото тело на бебето – но обично изчезнуваат кога ќе наполни три недели.
Бели дамки (милија) – Овие белузлаво-жолти места типично се јавуваат на носот на бебето. Тие се резултат на жлездени секрети и најчесто исчезнуваат во рок од три недели по појавувањето.
Дамки од кафе: Овие бледокафеави места можат да се појават на трупот или на екстремитетите на бебето. Ако видите повеќе од 6 на број, обратете се на лекар.