• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Бидете искрени кон децата: Лажењето може да има последици
Бидете искрени кон децата: Лажењето може да има последици

Бидете искрени кон децата: Лажењето може да има последици

Децата кои на возраст од пет, шест и седум години доживеале мајката и таткото да ги лажат, подоцна многу повеќе ќе ја применуваат методата Пинокио, покажале истражувањата.

Лажењето и воспитувањето

Децата не градат искрен однос кон личностите за кои констатирале дека  лажат.

“Светот на возрасните мора да се преиспита што изјавува пред децата, бидејќи и најмалата лага може да има последици”, предупредуваат стручните лица. Тие предупредуваат на пет најчесто погрешни реченици, лаги кои мајката и таткото свесно или несвесно ги кажуваат на децата:

Нема да боли

Одењето на заболекар и лекар не би требало да се почнува со оваа реченица. Затоа што тоа не е вистина. Подобро е детето да го припремите со реченицата”знам дека не ти се допаѓа и дека се плашиш, но тоа е за твое добро, прегледот и евентуалната болка ќе траат кратко”. Децата можат визуелно да се запознаат со ситуацијата која ги очекува до запознавање на заболекарската столица или со објаснувањето како ќе изгледа прегледот.

Се ќе биде во ред

Во трауматичните ситуации децата се исплашени. Чувството на страв го имаат не само кога ќе го доживеат но и кога ќе слушнат или видат лоши вести. Реченицата “се ќе биде во ред ” им создава лажно чувство на сигурност и детето дополнително доживува фрустрации. Освен таа траума, дознаваат и дека тие што најмногу ги сакаат ги излажале. Затоа подобро користете ја реченицата:”немој да се грижиш, ќе направам се да биде добро”, “заеднички ќе поминеме низ се”, ”сосема е во ред да  бидеш тажен”, “се што чувствуваш можеш да го поделиш со мене”.

Јас тоа не го правев на твои години

Оваа реченица го поттикнува детето да се споредува со родителите. Посебно е проблематично тоа што поради поминатото време не може да се провери дали мајката и таткото како деца биле немирни. На возрасните таа реченица им делува едукативно, но детето не ја доживува на ист начин.

Ќе те оставам овде

Претењето, особено на јавни места, дека ќе го оставите детето најмалку може да ви го реши проблемот, а детето ќе го вознемири. Советуваме дека во некои проблематични ситуации многу подобро е да му се обратите во форма на прашање, самиот да одреди казна за неговото лошо однесување.

Ти си најдобар

Во очите на секоја мајка и татко нивното дете е најдобро, но дали тоа е објективно? Затоа реченицата “ти си најдобар/најдобра” секако е еден вид на лага. Таквите нереални изјави, подоцна доведуваат до намалена самодоверба и страв од неуспех. Многу подобро е да не се пофали постигнатиот резултат, треба да се пофали начинот и трудот кое детето го вложило: ”секоја чест за енергијата која ја вложи во решавање на таа задача”.