ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Бидете здрава трудница во 4 чекори!
    Бидете здрава трудница во 4 чекори!

    Бидете здрава трудница во 4 чекори!

    Од исклучителна важност е трудниците да го чуваат здравјето и да се чуваат од вируси колку е тоа возможно. Меѓутоа, понекогаш е тешко да се изолирате и да избегнувате секаков контакт со надворешниот свет. Затоа, ви предлагаме 4 начини како да го подобрите својот имун систем и во текот на бременоста да го одржите организмот здрав и спремен за доаѓање на бебето.
    1. Редовно мијте ги рацете
    Ова веројатно ви звучи премногу обично, но миењето на раце започнете го за да го одбраните организмот од вируси и бактерии од кои можете да се разболите. Не ви е потребен антибактериски сапун (употребата на антибактеријски сапуни се покажала повеќе штетна од корисна). Секогаш мијте ги рацете по влегување во домот, пред јадење и по користење на тоалет.
    2. Намалете го внесот на шеќер
    Конзумирањето на преголема количина на шеќер може да има негативно влијание на вашиот имун систем. Секако, на трудниците тоа понекогаш име е тешко, но пробајте да конзумирате здрави шеќери кои се наоѓаат во природните сокови и овошје.
    3. Сончајте се!
    Излегувањето на сонце има позитивно влијание за зголемување на нивото на витаминД во крвта што позитивно влијае на вашиот имун систем. Само 5 минути дневно сончање може да направи чуда а воедно ќе ве орасположи и ќе ви даде дополнителна енергија!
    4. Земајте витамин Ц
    Конзумирањето на намирници (овошје и зеленчук) богато со витами Ц како портокал, грејпфрут, киви, брокула, дополнително ќе ви го зајакне организмот во комбинација со сумплементи кои ви ги има препишано гинекологот.