ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Биди супер мама
    Биди супер мама

    Биди супер мама

    Сигурни сме дека сакате само најдобро за вашето дете и дека немате намера децата да ги пуштите да цртаат со обични темперни бои или бои кои можат да бидат опасни за здравјето ако дојдат во контакт со очите или устата, па решивме да ви дадеме еден едноставен рецепт за домашни боички со кој децата можат да си играат до кога сакаат, а вие нема да мора да се грижите за тоа дали се токсични и штетни. Веројатно веќе ги имате сите состојки во оставата,но и ако не, само скокнете до подобро снабден супермаркет по боја за колачи.

    Потребно е:

    1 чаша брашно

    2  супени лажици сол

    1 ипол чаша ладна вода

    1 ипол чаша топла вода

    2 супени лажици боја за колчи

    Начин на подготовка:

    Измешајте 1 чаша брашно со 2 лажици сол, а потоа додадете ладна вода и мешајте додека мешавината не биде мазна и без грутки.

    После тоа, додадете топла вода и ставете ја смесата на рингла да зоврие со постојано мешање.

    Кога мешавината ќе стане густа ставете ја настрана, и ако е потребно, мешајте ја со рачна маталка или со миксер доколку има грутки, па додадете ја бојата и промешајте добро.

    Доколку правите повеќе нијанси, предлагаме пред да ја додадете бојата да ја разделите мешавината во неколку садови поради практичност, а потоа додадете ги различните бои.