ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Билка која го регенерира организмот за 20 дена
    Билка која го регенерира организмот за 20 дена

    Билка која го регенерира организмот за 20 дена

    Билка која го генерира организмот за 20 дена

    Голем број на доктори тврдат дека здравствените придобивки од конзумација на лук потполно ќе помогне во опоравување на вашиот организам за две до три недели. Моќните ливчиња го чуваат вашето здравје, го намалуваат притисокот, ја чистат крвта и органите за варење.
    Веднаш по повлекување на снегот, природата го создала Сремушот или уште по познат како див лук, чистач на системот за варење и крвта. Ова е причина поради која секој почеток на пролетта треба да почнете да ја конзумирате оваа билка. Телото со помош на дивиот лук, многу брзо и лесно ги ослободува токсините кои во текот на зимата се наталожиле во организмот.
    Сремушот лековито делува на слузокожата на цревата, бидејќи ја спречува иритацијата и ги елиминира патолошките микроорганизми. Го намалува крвниот притисок, ги чисти ѕидовите на крвните садови. Со помош на дивиот лук може да ја оттргнете главоболката и несоницата и да помогне во полесно дишење. Делува антибактериски и го забрзува зараснувањето на раната. 


    Поради сите овие особини, голем број на доктори тврдат дека сремушот е многу по здрав од обичниот лук. За потполно опоравување на организмот потребна е секојдневна употреба на листовите од сремуш во траење од две до три недели.
    Доколку не можете да го набавите дивиот лук во најблискиот пазар, побарајте го во природа. Но бербата на оваа билка да биде надгледувана од искусни познавачи на оваа лековита билка.
    Штом ги препознаете листовите на сремуш напрво протријте меѓу прстите и видете дали ќе биде интензивен мирисот на лук. Доколку мирисот е препознатлив, станува збор за сремуш. Внимавајте, има многу слични билки во природата кои се отровни.
    Во исхраната се користи свеж. Младите цветови најчесто се користат во салата и содржат голем број на витамини. После бербата, сремушот може да се чува во фрижидер од седум до десет дена. Од листовите на дивиот лук може да направите и чај, а се препорачува кај луѓе со кардиоваскуларни проблеми, како превенција од артериосклероза. Листот од сремуш се користи и како зачин. Може да го додавате по завршување на термичка обработка, (откако ќе завршите со пржење и динстање на вашата храна), со што лековитата и ароматична материја не би ја изгубиле.
    Тинктурата од сремушот се припрема од 300 грама свежи билки и еден литар комова ракија. Овој лековит напиток делува на крвниот притисок и зголемената масленост во крвта, а е одличен еликсир против исцрпеност.