ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Болки предизвикани од растот кај децата и адолесцентите
    Болки предизвикани од растот кај децата и адолесцентите

    Болки предизвикани од растот кај децата и адолесцентите

    Некогаш не се знаеше многу за тоа дека растот може да боли. Не се даваше големо значење на здравствениот аспект на пубертетот и некои појави кои го пратат. Дури ни денеска нема докази дека болките од растот навистина постојат, како ни кој е нивниот точен причинител. Сепак, евидентно е дека се случува децата во пубертетот да се жалат на болки во нозете.

    Децата можат да се жалат на болки во листовите или колената. Овие болки често се јавуваат доцна после пладне или навечер во сон. Се јавуваат на двете нозе. Кај некои деца освен болки во нозете, се јавуваат и болки во стомакот или главоболки. Некогаш болката се јавува во текот на ноќта. Толку е силна што го буди детето и престанува до утрото.  Болките од растот се поголеми кај девојчињата и најчесто се јавуваат во предшколската и школската возраст.

    Причини за настанување на болките од растот

    Со оглед на тоа дека не се докажани болките исклучиво поради растот, не се знае ни точниот причинител за настанувањето на овие болки. Обично се јавуваат во времето на забрзан раст. Ретко пред четвртата година, а интензивно помеѓу четири и десет години, како и пред самиот крај на пубертетот.

    Болките често се јавуваат после физички активности како што се трчање, скокање и качување. Тоа секако не значи дека децата не треба да се занимаваат со спорт. Напротив, физичката активност помага за правилниот развој на детето и болките со тек на време да станат помали.

    Најчесто нема потреба да го носите детето на лекар ако се пожали на болки во нозете.

    Некогаш болката е трајна или невообичаена па добро е да консултирате педијатар.

    Кога да го однесете детето на лекар поради болки во нозете?

    Кај педијатар треба да се отиде ако болката е:

    -присутна и наутро;

    -присутна во зглобовите;

    -толку силна што ги спречува нормалните активности на детето во текот на денот;

    -поврзана со некоја повреда и

    -пратена со други симптоми како што се оток, црвенило, осип, температура, замор и губење на апетитот. 

    Веројатно лекарот само ќе направи преглед и ќе ве праша за симптомите и болките. Во некои случаи ќе направи рендгенски снимки и анализа на крвта.

    Како се лечат болките од растот?

    Не постои специфичен третман за лечење на болките од растот. Позитивно е тоа дека овие болки не предизвикуваат други проблеми и не влијаат на растот. Постојат начини со кои на децата можете да им ги олесните проблемите:

    -масирање на нозете може да помогне.

    -некои деца се чувствуваат подобро кога ги држат нозете.

    -термофор или топли облоги можат да помогнат. Топлината ги смирува болките во мускулите.

    -топла купка пред спиење може да помогне.

    -лекови за ублажување на болките, ако е потребно парацетамол, бруфен, нурофен.

    -вежбите за истегање помагаат болките да се намалат и да не се јавуваат често.