
Болки во нозете предизвикани од нагло растење
Болки во нозете предизвикани од нагло растење
Децата често се жалат на болки кои се предизвикани од раст, болки во колена и потколена, најчесто навечер или во текот на ноќта. Ова се случува кога коските растат. Ако мускулот поспоро реагира, процесот може да биде болен.
Децата често помагаат кога родителите нежни го масираат болното место. Германските педијатри велат дека на некои деца од голема помош им се ледени облоги. Но, доколку болката потрае подолго од две недели во континитет, родителите мораат детето да го однесат на лекар. Исто важи и доколку се појавуваат отоци или црвенкасти точки, бидејќи тоа може да бидат симптоми за децки артритис.
Децата имаат најмалку два периода на забрзан раст, од четврта до седма година и при прај на пубертетот. Кај некои деца постои уште еден период помеѓу двата наведени, но тоа е многу индивидуално.
Заблагодарејќи се на симултаниот раст, се прави тегнење на меките ткива. Поради болките за време на раст неретко се препишува брзиот раст и затгенувањето на фасција (тенки слоеви кои навлагаат во целото тело), лигаменти, осносно неможност мускулите да го пратат наглиот раст на скелетот.
Болките за време на раст, понекогаш се последица од напор на мускулите кои најчесто ги стабилизира лабавите и нестабилни зглобови кај хипермобилни деца во момент кога во текот на брзиот раст ќе се разлабави координацијата на движењата.
Ортопедите советуваат родителите пред да сфатат дека нивното дете боледува, консулитрајте се со доктор кој ќе направи анамнеза, а по потреба и други дијагностички методи, како ултразвук, скенирање или магнетна резонанса. Целта е да се исклучат сите потенцијални проблеми.
Децата кои чувствуваат болка при раст, можат да се занимаваат со физички активности, но доколку физичката активност не прави зголемување на болката. Докторите се слагаат дека може да има поголема штета доколку детето е неактивно и не спортува. Пожелни се сите видови на движења, од игра, шетање па се до организирани рекреации.