
Болна овулација
Болна овулација
Овулацијата е безболна за поголемиот број на жени, но на секоја петта овулација по ред се чувствува нелагодност која може да варира и до неколкучасовна болка.
Синдромот на предменструалниот циклус, голем број на доктори тврдат дека на второ место по болка помеѓу “женските проблеми” е овулацијата. Процесот на ослободување на јајцеклетките од јајникот поради оплодување, претставува фаза на менструален циклус кој се случува во просек, еднаш месечно се до менопаузата.
Обичната краткотрајна болка од друга страна во пределот на јајникот, болката во грбот, која ја чувствуваат и во долниот дел на стомакот но и во карличниот дел се некои од тегобите кои се појавуваат во текот на овулацијата. Болката се појавува од лева или десна страна, во зависност од тоа кој јајник испушта јајцеклетка.
Доколку болката потрае, треба да се посети гинеколог со што би се утврдила причината.
За намалување на болка од овулација постојат неколку стари начини кои помагаат,а тоа се топли облоги или пак топла бања. Лековите против болка исто така може да помогнат. Доколку тегобите подолг период не престануваат и имате покачена температура, консултирајте се со својот лекар. Некои лекари препорачуваат јога вежби. Од народната медицина се препорачуваат чаеви како мајчина душичка, камилица…
Многу пациентки во тој период често имаат болки во градите или пак во дигестивниот тракт. Причина за ова може да бидат многу патолошки ситуации во малата карлица како што се функциолани цисти, фоликуларни или пак цисти со жолто тело. Освен ова, болките можат да предизвикаат ендометриоза, разни видови на цисти на јајници или пак различни хормонални пореметувања, воспалени процеси или пак мали карлици.