• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Бомбици со туна и сусам
Бомбици со туна и сусам

Бомбици со туна и сусам

Потребно е:

3 конзерви од туна, 125 гр маргарин, 200 гр пржен сусам, малку зелени и малку црни маслинки

Подготовка:

Туната добро исцедете ја од маслото и  пенасто изматете ја со маргаринот, потоа додајте 100 гр пржен сусам и мешајте  додека не се соединат. Ставете ја смесата во фрижидер за да се затегнете и олади, потоа направете топчиња. Секое тркалајте го во сусам и декорирајте со маслинки.