ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Бомбони за сечиј вкус
    Бомбони за сечиј вкус

    Бомбони за сечиј вкус

    Гумени бонбони од сок или вино. Рецепт за бонбони кои ќе ги воодушеват и возрасните и малечките. 

    За 150 мечиња бомбони потребно е:
    Модла за гумени бомбони во облик на мече
    За боја, користете сок од портокал, боровница, јаболко….
    За бомбони од сок, потребно е:
    1 филџан сок од овошје (незасладен)
    2 лажица мед
    2 лажици сок од лимон
    3 лажици желатин

    За бомбони од вино, потребно е:
    1 чаша вино (црвено, бело, розе)
    ¼ филџан шеќер
    2 лажици сок од лимон
    3 лажици желатин


    Припрема:
    Ставете ги модлите од мечиња на хартија за печење (полесно ќе ви биде да ги префрлите во фрижидер). Припремете ја пипетата.
    Во мала шерпа за сос на средна температура, додајте сок или вино и мед или шеќер. Загрејте додека медот или шеќерот не се растопат. Додајте го сокот од лимон и промешајте.
    Постепено додавајте лажица по лажица желатин. Работете брзо, ставете течна маса во пипетата и истурете во модлата.
    Ставете во фрижидер 20 минути се додека не се стегне и стане цврсто (може и на неколку часа).