Бременa жена на стоматолог, да или не
Повеќето жени погрешно мислат дека не треба да одат на стоматолог за време на бременоста. Забележано e дека и голем процент на жени за време на бременоста го намалуваат или дури целосно го игнорираат хигиенскиот режим на усната шуплина.
Периодот што фетусот го има во стомакот на мајката е многу важен за формирање на забите, млечните и постојаните. Сите потреби во текот на овој период бебињата ја преземаат на сметка на мајката. Поради тоа, од суштинско значење е идната мајка да биде информирана за сè што може да се користи и / или даи го одмогне тој процес.
Непцата на бремените жени се подложни на инфекции, како резултат на хормонални промени и лоша орална хигиена често крварат лесно. Црвено и болно забно месо, кое е подложно на крварење, го покажува неговото воспаление. Ако не се третира со текот на времето, може да напредува во парадонтопатија, што на крајот ќе доведе до расипување на забите и нивно паѓање.
Забите и непцата се посебно ранливи во текот на бременоста,а тоа се должи на зголемување на крварење поради отечени непца, влијанието на киселина поради повраќање, а и уште помалку хигиена, на поголемо конзумирање на слатки и други закуски.
Редовните хигиенски мерки, како и избегнувањето на тутунот и алкохолот, се дефинитивно првото нешто што треба да го направат брмените жени. Исто така, многу важна е исхраната богата со минерали и витамини, па затоа треба да се внимава да биде разновидна. На прво место е внесот на протеини и јаглехидрати, витамини А и Д, а во петтиот месец од бременоста, особено внесувањето на калциум.
Особено е важно да се воведат флуорни соединенија, особено од втората половина од бременоста. Флуорот придонесува дополнителна отпорност на кариес на забите на бремената жена, тој е од суштинско значење да го внесувате во периодот на минерализација на забите. Може да се внесува во вид натаблети, пијалоци, млеко и сл. ако тоа не е доволно. Исто така, се препорачува третмани со флуорид пасти на забар (обично три во серијата) да се зголеми отпорноста на забите на мајката на кариес. Сепак, пред да земете било која од овие препарати, задолжително консултирајте се со стоматолог затоа што прекумерното голтање може да предизвика флуороза.
За време на бременоста, забите може да се поправаат. Дури и се препорачува да се направат сите поправки. Исто така е важно да се отстрани каменецоти меките наслаги. Може да се користи локална анестезија, но со претпазливост и по првиот триместар. Големи количини на анестетици се особено контраиндицирани на крајот на бременоста. Х-зраците треба да се избегнуваат.