Бременост после 35-тата година: 6 неочекувани придобивки од подоцнежното мајчинство
Врз основа на задолжително консултирање со лекар, родителството во подоцнежните години може да донесе голема предност, како за Вас, така и за Вашето бебе.
Помалку е застрашувачки кога знаеме дека биолошкиот часовник одбројува. Нормално, вистина е дека бројот на јајце клетките се намалува како старееме, како и дека постојат одредени ризици кога бременоста е после 35-тата година, како што се хипертензија, дијабетес или абнормалност на хромозомите и Дауновиот синдром кај бебето. Значи секогаш е добра идеја да се консултирате со својот лекар за своите семејни планови, како би биле сигурни дека сте го донеле најдобриот избор за своето и здравјето на детето.
Добрата вест е дека постојат се повеќе истражувања кои ни откриваат изненадувачки привилегии кои ги имаат повозрасните мајки, како за самите себе, така и за бебето.
Ги издвојуваме шесте најголеми придобивки.
Мозокот подобро функционира
Студиите покажуваат дека раѓањето на деца подоцна во животот може да помогне во менталното зацврстување во тек на стареењето.
Една студија тестираше 830 средовечни жени како би покажала дека постои врска помеѓу раѓањето на повозрасни години и работата на мозокот. Се покажа дека оние жени кои го родиле последното дете по 35-тата година, имаат подобро памтење и подобра вербална меморија.
Се покажа и дека оние жени кои своето прво дете го родиле по 24-тата година се подобри во решавањето на проблемите од оние кои своето прво дете го родиле пред 24-тата година.
Вашите деца помалку ќе се повредуваат
Нормално, факт е дека ќе го штитите Вашето дете што повеќе можете, без оглед на годините. Сепак, неколку студии го истакнаа фактот дека ризикот од ненамерни повреди кои бараат медицинска интервенција е во врска со годините на мајката.
Ќе бидете емотивно поспремни
Чувството за мајчинство доаѓа со годините (сетете се само колку се имате променето од тинејџерските години).
Стручните лица истакнуваат дека баш тоа чувство игра значајна улога кон подобро родителство.
Во Март 2017 година холандските научници го набљудуваа психосоцијалниот развој на две групи на деца од 7, 11 и 15 години. Во првата група припаѓаа деца чии мајки ги родиле на помалце од 31 година, а во другата мајки кои имале повеќе години. Кога го проучуваа психосоцијалниот развој беа изненадени кога открија дека повозрасните мајки многу помалце ги караат и физички дисциплинираат своите деца.
Децата на повозрасните мајки подобро се однесуваа, беа подруштвени и емотивно поздрави во своите предтинејџерски години. Со други зборови, повозрасните мајки многу поопуштено се однесуваат како родители, што во секој случај повеќе им оди во прилог на нивните малечки.
Поголеми се шансите Вашето дете да биде технолошки гениј и подобро образовано
Колку подолго чекате на деца, така постои поголема шанса како Вашето дете расте многу подобро да ја разбира технологијата.
Децата на повозрасните родители имаат придобивки од едукациски, технолошки и социјален напредок кој настанува во текот на годините кога раѓањето е одложено.
Ќе бидете финансиски постабилни
Голем број на истражувања ја поддржуваат теоријата дека здравјето е во блиска поврзаност со финансиската состојба. Доколку имате шанса да го завршите школувањето и да вложите време во развој на кариерата, поголеми се шансите дека ќе стекнете поголема плата од онаа мајка која го родила своето дете пред остварување на кариера. Студиите покажуваат дека децата на повозрасните мајки остануваат во едукацискиот систем подолго, покажуваат подобри резултати на стандардните тестови и почесто факултетски се образуваат од другарчињата чии мајки се помлади.
Ќе живеете подолго
Некои луѓе мислат дека раѓањето на деца подоцна во животот значи дека нема да имате енергија да бидете со детето или дека нема да бидете тука кога се главните животни пресвртници во прашање, како што се венчавката или добивањето на деца. Сепак истражувањата покажаа дека тоа е далеку од вистината.
Во суштина, студијата од 2015 година покажа дека жените кои раѓаат деца по 33-тата година од животот имаат двојно поголема шанса да доживеат 95 години живот во споредба со жените кои последното дете го родиле пред 30-тата година. Ова навистина треба да го земете во предвид!