Бременоста наметнува многу дилеми, стравови и прашања. Изводивме 5 најчести прашања на трудници
Бременоста наметнува многу дилеми, стравови и прашања. Изводивме 5 најчести прашања на трудници.
1. Дали е дозволено да пијам апчиња
Лековите во текот на бременоста треба да се избгенуваат колку е можно повеќе. Тоа значи дека не е утврдено дали состојките на лекот проаѓаат низ ткивото кое треба да го чува плодот од негативни влијанија. Но, ова не значи дека во бременоста жената не смее да пие никаков лек и дека треба да трпи болка. Фармацевстката индустрија напредува од година на година, така што до сега има издадено многу лекови со кои е докажано дека не оставаат никаква последица на плодот. Меѓутоа и нив, треба да ги пиете само по препорака на доктор, доколку е навистина неопходно.
Дали козметиката му штети на плодот?
Би требало на сите билни гелови и креми јасно да пишува дали смеат да се користат за време на бременоста или пак не. Некои билки содржат материи кои можат да предизвикаат контракции и затоа трудницата треба да провери дали препаратот е наменет за неа или не. Трудниците треба да избегнуваат фарби кои содржат токсични материи,посебно амонијак и да купуваат фарби кои се на природна база.
Колку се опасни варичелите?
Варичелите познати како и овчи сипаници, спаѓаат во инфективни болести за кои поголемиот број на луѓе ги прележуваат во детство или рана младост, што би значело дека поголемиот број на трудници имаат природна заштита од зараза. Пациентките кои не прележале овчи сипаници се советуваат да избегнуваат контакт со заболени лица, посебно во првото тромесечие, бидејќи инфекцијата во почетната фаза на бременоста може лошо да се одрази на плодот. Во најголем број на случаи се завршува со прекинување на бременоста поради тешки аномалии на плодот. Трудниците најчесто знаат дека треба да избегнуваат контакт со деца и лица кои имаат сипаници.
Дали спортувањето може да влијае лошо врз плодот?
Физичката активност пред се на трудниците им помага подобро да спијат, да ги ублажат болките во грбот, да го намалат отокот на рацете и нозете. Освен тоа, вежбањето може на трудницата да и овозможи психофизички да се чувствува подобро и кога ќе дојде време за породување, полесно да се породи. На прво место се препорачува пешачењето и пливањето, но не во ладна вода. Исто така многу е важно трудниците да избегнуваат нагли движења на пример скокање. По излегување од вода, задолжително треба да се промени костимот за капење и да не се седи на мокра подлога. На трудниците исто така им се препорачува пилатес, јога и сите физички активности каде не се зголемува мускулатурата на стомак. Возењето на точак и ролери избегнувајте ги поради ризик од пад и повреда.
Како да ги сочувам забите?
Доколку пастата ви предизвикува мачнина, побарајте друга која ќе можете да ја поднесете. Доколку имате проблем со четката, решение е да земете мека. Доколку сеуште го немате решено проблемот а ткивата ве болат и крварат, исчистете ги забите со забен конец. Ова наведува дека во пракса сеуште се случува трудниците да ја трпат болката бидејќи мислат дека не можат да направат никаква стоматолошка интервенција. Доколку се работи за големи болки или крварење, треба да се јавите на стоматолог. Во првите 3 месеци и пред крајот на бременоста, треба да правите само прегледи и итни интервенции. Се што може да почека, оставете го периодот по породувањето.