ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Бременоста здравјето го чува
    Бременоста здравјето го чува

    Бременоста здравјето го чува

    Бременоста е како велат во “друга состојба” затоа во текот на бременоста може да се очекуваат различни промени. Има потенцијал и за позитивни и за негативни, секако тоа се зависи од здравствената состојба на жената пред зачнување на бебето. Ова се однесува како на менталното, така и на физичко здравје.

    Еве што се може да се случи во текот на бременоста односно во тие 9 месеци.

    Кожата станува поубава

    За бременоста се вели дека жената никогаш подобро не изгледала и тоа не од причина за да и се ласка. Под дејство на хормоните кожата станува поубава, а со тоа придонесува и чуство на задоволство. Докажано е дека и многу кожни болести како псоријаза, во текот на бременост се повлекува или намалува.

    Цистите се повлекуваат

    Поради честите ултразвучни прегледи, цистите на јајниците полесно се воочуваат, а лечењето кај трудниците се спроведува на ист начин како и кај другите жени кои не се бремени. Цистите кои не се страшни само се пратат и во главно спонтано се повлекуваат, а поради дејството на хормоните се случува дури и цистите на јајниците да се намалат или да се повлечат.

    zdravje,bremenost, majka, dete, bebe, babyshop, мајка, бебе, бременост, здравје

    Се намалува ризикот од рак

    Карциномот на матка е честа појава кај жените кои немаат родено. Се смета дека кај жените што имаат родено се намалува ризикот за добивање на оваа болест и тоа поради продолженото делување на естроген и здебелување на ендрометриумот. Ова често е последица на циклусот без овулација. Воочено е дека раѓањето и доењето како и употребата на контрацепските пилули имаат заштитно делување во настанувањето на карцином на јајниците. Исто така е докажано и дека поголема шанса за карцином на гради добиваат жени кои немаат доено ниту родено.  

    Интуицијата се зголемува

    Докажано е дека региите на мозокот се поврзани со емоционалните вештини, посебно кај активните бремености. Резултатите од студиите спроведени на Универзитет во Лондон сугерираат на тоа дека кај трудниците активните хормони кои ја изразуваат интуцијијата, им помагаат на иднините мајки да ги разберат бебешките потреби од моментот кога ќе се родат.  

    zdravje,bremenost, majka, dete, bebe, babyshop, мајка, бебе, бременост, здравје