ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Бројот на предвремено родени бебиња е дуплиран
    Бројот на предвремено родени бебиња е дуплиран

    Бројот на предвремено родени бебиња е дуплиран

    Ако до 2014 година биле згрижени 4-7 предвремено родени бебиња на месечно ниво, денес бројката е дуплирана.
    Како во Македонија така и во светот има тренд на зголемување на предвремено родени деца, а сето тоа се гледа како последица на начинот на живот, поместување на старосната граница на родителите, воздухот, храната. Примената на Ин Витро оплодувањето кое многу често е со близначка бременост, го зголемува ризикот на самата бременост и често бебињата се прематурни.
    Според последните истражувања, најчесто предвремено родени деца се од гестациска недела 32-37 со над 40%, над 20% се од 26-28 недела, околу 8% се од 24-26 и околу 2% се од 23-24 гестациска недела, а месец Ноември е дефинитивно месец во кој има најмногу предвремено родени деца.
    Потребата од добро гинеколошко-акушерско водење на бременоста е од големо значење бидејќи има значајно влијание врз спречување на предвремено родени деца, но влијае и врз одличната кондиција на предвремено родените деца не само за преживување туку и за развивање на здрава индивидуа.
    Мајчиното млеко за развојот на бебето е од исклучителна важност. За жал некои од мајките не успеваат да добијат млеко но и за ова има решение во светот, постојат банки за мајчино млеко но кај нас за жал сеуште ги нема.
    Останува да пробаме да влијаеме и ние на загадувањето на воздухот, здравиот начин на живот и исклучително да бидеме внимателни во изборот на гинекологот.
    Ова е добар почеток за поздрава бременост.