Бруксизам
Што претставува Бруксизмот?
Бруксизам претставува секое шкрипење или затегнување на забите во моменти кога ниту џвакаме ниту пак голтаме. Последиците од ваквото однесување за овој феномен се непознати бидејќи кога се појавува повремено.
Бруксизмот или пак шкрипење со заби, не е ретка појава и кај децата. Најчесто е застапена кај деца до 12 години.
Најчесто се појавува во период кога растат млечни или пак трајни заби а прекинува по нивно целосно растење. Кај деца најчесто е застапено ноќното шкрипење. Кај повозрасните најчеста причина за бруксизам е стресот додека причината за појава на бруксизмот кај децата може да биде најразлична. Често се работи за неправилен контакт помеѓу забите, инфекција, неправилна исхрана, алергија, паразитски болести, хормонски заболувања. Секако, значајна улога посебно кај возрасните може да има и стресот и останати психички проблеми како анкциозност и хиперактивност.
Шкрипењето со заби може да биде последница но често и еден од првите првите знаци за отежнато и оневозможена функција на дишење преку нос, што со себе носи сериозна последица по развојот и здравјето на детето. Ова може да предизвика и престанување на дишење во текот на ноќта (apnee).
Родителите во суштина ретко кога приметуваат дека има присуство на Бруксизам или пак го занемаруваат ноќното дишење, па овој здравствен проблем најчесто се открива доцна.
Исто така е докажано дека најголем број на случаеви после операција на крајник или пак прекинувањето со дишење на уста, престанува и шкрипење на забите. Но, околу 24 % без разлика на проодноста во носот, дишењето на уста останува како навика и во вакви случаи потребно е активно лечење.