Чадот од цигарите го оштетува видот кај децата
Научниците потврдија уште една лоша страна од пасивното пушење.
Изложеноста на чадот од цигари во истражувањето на научниците од Хонк Конг е поврзана со зголемување на ризикот за развој на проблемите со видот кај децата, објави стручниот магазин ЈАМА Ophthalmology.
Истражувачите додаваат како чадот од цигарите во нивната студија е поврзан со ризикот од оштетување на ткивото кое содржи минијатурни крвни жили нужни за снабдување на окото.
Овие оштетувања биле најизразени кај децата кои се најизложени на пасивно пушење.
Новите наоди се резултат на анализа на податоци собрани од околу 1400 деца на возраст од шест до осум години.
Пасивното пушење кај децата е познат фактор на ризик за астма, инфекција на плуќата и синдромот на изненадна смрт (СИДС).