Центар за едукации и медитации на деца со аутизам – Вежби на деца и родители-Парго
културно.мк- За почеток накратко за што станува збор?
Наједноставно кажано, се работи за активност која произлезе од потребата да му помогнам на моето дете со аутистичен спектар. Јога часовите за деца со аутизам е во суштина една комбинација на јога вежби поткрепена од визуелни помагала и малку поинаков начин на комуникација.
Во светски рамки веќе постојат успешни практики за спроведување на ваков вид на активност за децата со аутизам, но иновативноста во процесот е што секој наставник внесува свој печат во креирање и држење на часовите. Аутизмот е состојба во која спектарот на симптоми е многу широк и поради што е тешко да се одреди еден начин на работа кој би бил фунционален кај сите деца.
Целта на процесот е децата да научат правилно да дишат и да вежбаат, а начинот како ќе стигнеме до тоа може да биде многу поинаков за сите.
културно.мк – Како изгледаат тие вежби, на што се најмногу насочени ?Колку време траат и кој е ефектот од нив?
Вежбите во основа се многу лесни и се искреирани да ги следат природните движења на телото, секоја група на вежби е за одреден дел од телото. Најважниот аспект во овие вежби е што секоја вежба е прецизно координирана со дишењето, кое пак има огромна важност во правилниот развој на физичкото и менталното здравје на децата.
Часот е со траење од 60 минути и во овој период има различни активности како што се, медитацијата, поединечни физички вежби, заеднички физички вежби за зајакнување на социјалното однесување, когнитивните способности и координацијата, и на крајот од часот неколку минути забавен дел на играње кој е исто така важен и ја има улогата на награда за добро завшената работа на часот.
Бидејќи јогата со сите свои пропратни елементи како дишењето и медитациите е една од најизбалансираните активности кои се практикуваат со илјадници години наназад и од огромен број на луѓе, ефектите и позитивните предности кои што децата ги имаат се на неколку нивоа.
Зајакнување на мускулната маса во целотот тело а посебно на централните стомачни мускули кои придонесуват телото да биде во исправена состојба во текот на целиот ден а со тоа и правилна работа на сите органи во телото.
И секако многу важниот дел е начинот на дишење и вежбите за дишење кои се користат како алатка во справувањето со предизикувачкото однесување во состојба кога децата се вознемирени. Дишењето ја има моќта да го корегира и менталниот и физичкиот дисбаланс во тие моменти.
културно.мк- Колкава треба да е групата која вежба? Како е тоа организирано?
Во моментов има еден термин за овие дечиња кој се одржува во Сабота во 18 часот.
Групата во еден час може да има од 1 до 10 деца, имајќи во предвид дека со децата вежбаат и нивните придружници.
Еден од важните аспекти на овој час е што со децата заедно вежбаат и придружниците кои се најчесто нивните родители. Лично сметам дека е од многу голема важност родителите да вежбаат од следните причини.
Родителите се секогаш првата личност од кои децата учат за животот, така децата многу полесно ќе прифта да вежбаат кога тоа ќе го моделираат од својот родител. И следниот не помалку важен аспект се и придобивките од вежбањето кои ги имаат самите родители, истите се посмирени, поспремни за секојдневните активности а воедно вежбито кои тие ќе ги научат многу побрзо од своите деца ќе бидат основа за вежбање дома во текот на неделата до доаѓањето на јога часот во нашиот центар.
културно.мк- Како може да стапат во контак родители чии деца имаат потреба од вашите тренинзи?
Часовите се во организација и во просториите на Art of living, Центар ја медитација, јога и ајурведа во Скопје на улица Климент Охридски број 48, 1000 Скопје.Телефон за контакт 070358871 или да не контактираат на фејсбук страницата ART OF LIVING MK.
културно.мк – Какви други програми нуди Art of living, и колкава е заинтересираноста на граѓаните да ве посетуваат?
Во центарот постојат голем број на програми од кои во делот за децата со посебни потреби се часовите за јога за деца со аутизам,
Работилницата за посебна масажа за деца со посебни потреби Варма марма.
Ајурведскиод третман со пулсова дијагностика со кој се прави детална дијагностика на целокупната состојба на телото а со оваа дијагностика може да се воочат најчестите проблеми во врска со хранат и начинот на живеење. Освен што се препорачува промена во видот на исхраната се препорачуваат и вежби, дишења и суплементи кои се направени од природни состојки без додатоци.
Исто така во состав на програмите за деца со посебни потреби во тек е и донаторската акција за собирање на средства за набавка на безглутенска и бесказеинска храна за семејствата со деца со аутизам. Ние работиме да обезбедиме средства за 50 пакетитети кои ќе бидат подготвени и поделени одкако ќе се одржи работилница за едукација на родителите за важноста на безглутенската и бесказеинската храна за спецификите на оваа храна и како да се подготват безглутенски и бесказеински оброци.
Во останатите програми освен часовите за Хата јога, Аштанга јога, детска јога и медитациите, како најважен е СЕМИНАРОТ ЗА СРЕЌА и техниката за дишење и прочистување на телото на клеточно ниво СУДАРШАН КРИЈА кој што се одржуава почесто во текот на годината. Во склоп на центарот е се прават и Марма масажи, Ајурведски масажи, и уште многу други програми за кои може подетално да се информира секој на фејзбук страницата на Арт оф ливинг мк.
Во склоп на центарот е и продавницата за здрава, органска, безглутенска, бесказеинска храна и други различни производи кои можат само да придонесат во подобрување на здравјето.
извор: www.kulturno.mk