ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  4 места на кои бебето не би смеело да спие
    4 места на кои бебето не би смеело да спие

    4 места на кои бебето не би смеело да спие

    Ако го ставите бебето да спие на места на кои тоа не би смеело да спие, ги загрозувате неговите дишни патишта.

    Кога купуваме во продавници детска опрема, некако секогаш претпоставуваме дека тоа се производи сигурни за користење. Иако многу од производите имаат некои сигурносни ограничувања, родителите некако секогаш не успеваат да ги видат и да ги прочитаат. Како на пример: не го ставајте во колевката, да не се користи за спиење и слично…

    Размислувате дека работите кои ги купувате се безбедни за бебето. Но, безбедни се само ако ги користите спрема упатствата на произведувачот.

    Без разлика колку некој предмети се чинат сигурни, секогаш прочитајте го упатството.

    Еве на кои места не треба да се остава бебето да спие:

    Столици за лулање или на вибрирање

    Бебињата не би требало да се оставаат во столиците за лулање без некој да ги надгледува. Ако бебето кратко заспие во својата столица, си игра во неа во текот на денот или го смирувате пуштајќи ја да вибрира, тоа е се во ред. Но, бебето да го однесете во другата соба во столицата за лулање за цврсто и подолго да спие не е препорачливо, а спиење во столицата ноќе добива големо црвено светло, затоа што на тој начин може да дојде до гушење. Главата може да дојде во неправилна положба при што се блокираат дишните патишта. Поголемите деца можат да настрадаат така што ќе пробаат да се извлечат од столицата.

    Автомобилските седишта кога не се во автомобил

    Кога бебето ќе заспие во автомобил, ништо не е полошо од тоа да го пренесете во куќата за да продолжи да спие. Но треба да ве предупреди фактот дека на детето и во овој случај може да му падне главата и да се загрози преминот на воздух.

    Кауч, фотеља и слично

    Удобниот кауч ви се гледа како совршено место за малку бебето да дремне. Си мислите дека ако можете вие зошто не би можело и бебето? Додека тоа за вас е совршено место, за бебето е многу опасно. Тоа сега се учи да се движи и не знае да го контролира своето тело. Понекогаш може да се стркала, па поради недоволно сила да не може да се врати назад. Ако бебето се приближи до перницата тоа може да му го загрози дишењето, а ако се стркала на спротивната страна може да падне.

    Лулка

    Со своите смирени движења лулките станаа совршени за смирување на нервозните и расплакани бебиња. Но, не се наменети за подолго спиење, и покрај тоа што ви се чини дека детето во неа е заштитено и не поже да падне.

    Главен сигурносен проблем е опасноста за дишните патишта. Детето во лулка треба да поминува време исклучиво во присуство на возрасна личност.