Четири успешни правила на воспитување на деца по древна тибетанска метода.
Нивните деца се самостални и ги почитуваат своите родители.
Четири успешни правила на воспитување по древна тибетанска метода.
Многу одамна е познато дека луѓето од Тибет се мудри, трпелливи, продуховени, а за тоа најмногу е одговорен посебниот начин на воспитување. Децата кои на овој начин се воспитувани ги почитуваат своите родители и се многу самостојни личности.
Основни правила на тибетантското воспитување:
Најважно од се е дека нема понижување нити пак телесно казнување.
Прв период-до петтата година.
Према децата треба да се однесувате како према кралот. Ништо не треба да му забранувавате, само треба да го оттуѓувате. Доколку почне да прави опасни работи , потрудете се да изгледате и звучите уплашено. Детето совршено добро тоа ќе го разбере. Во таа возраст ја формираат радозналоста и интересирањата за животот. Детете сеуште не е способно да гради долги логични врски. Тоа не разбира дека за да се купи нешто треба многу да се работи и заработат пари. Казната ќе ја доживее како совладување на позиција на сила. Нема да го научите да не ги прекинува врските, туку многу да се покорува. Зарем тоа го саката?
Втор период – од 5 до 10 година
Во овој период према детето треба да се однесувате како према роб. Поставете задачи и барајте од него да ги изврши. Можете да го казните за неуспех, но не физички. Во овој период активно се раавива интелектот. Детето мора да научи да ја предвиди реакцијата според постапките, да предизвикаат позитивен став кон себе и да го избегнат негативниот став. Во овој процес немојте да се запирате во надградување на неговото знаење.
Трет период од 10 до 15 години
Како да се однесувате? Да го изедначите со вас. Не целосно да го израмните, туку да му покажете дека сепак имате повеќе знаење и искуства. Советувајте се со него за сите важни прашања, поттикнете ја храброста и неговата самосталност. Наметнете ја својата воља неприметно, по пат на пример, дискусии, совети. Доколку нешто не ви се допаѓа, насмерете се на негативните последици, избегнувајте директни забрани. Во тој период од животот, формираат самостојност и независно мислење.
Третиот период – после 15-та година
Почитувајте го. Доцна е за воспитување и само ви преостанува да ги берете плодовите од своето воспитување.