Чоколадото го убива апетитот
Во текот на бременоста трудните жени сонуваат за различна храна. Така на пример, Марија сонувала за јагоди, Софија покрај полна трпеза размислувала на чипс па затоа нејзиниот сопруг и покрај дождот кој истурал барал трафика да и купи. Марија изела се што видела пред нејзе, додека Симона крадела од чоколадите сокриени под јастукот.
Сите четири се здрави и прави млади жени за кои не би можело да се каже дека се размазени ниу дека имаат чудни навики за јадење. Напротив! Сосема се обични, како секој од нас, само пред година беа трудни ,а за трудниците е познато дека им се јаде се и сешто.
Во светот постојат две мислење, едното тврди дека жените кои се бремени им се јадат оние намирници кои му недостасуваат на организмот, а другото вели дека е докажано дека станува збор за пренагласеност за желбата за јадење.
Но постои нешто за кое и едните и другите се согласуваат – потребата за чоколадо нема врска ни со дефицитарноста од производите кои ги внесувате, ниту со желбата, туку со фактот дека организмот се бори против лошото расположение. Освен тоа, чоколадото ја регулира телесната температура, го намалува апетитот, го убрзува крвотокот во мозокот, ги ублажува болките и го штити кардиоваскуларниот систем.
Чоколадото предизвикува лачење на хормонот серитонин и ендорфин кој всушност се хормон која лачат среќа. Ендорфинот е задолжена за поправање на моментално расположение кое кај трудниците (без навреда дами), се менува од минута во минута. Серитонинот го проолжува тоа добро чувство , па затоа конзумирањето на чоколадо е препорачливно на неколку дена бидејќи во спротивно може да дојде до несоница.
Антиоксидансите кои ги има црното чоколадо има позитивно влијание на здравјето, првенствено во регулирање на крвниот притисок и нивото на шеќер, но со тоа морате да бидете претпазливи бидејќи има доста шеќер, калории и масти.
Затоа, драги трудници, слободно секојдневно изедете по еден ред црно чоколадо со поголем процент на какао и што помалку масти. Верувајте, ќе ви се поправи расположението, ќе бидете помалку плачливи и раздразливи, ќе ви го ублажи гладот и нема да сакате да посегнувате по било каква храна. Освен тоа, ќе го избегнете скокот на крвниот притисок и ќе го намалите ризикот од дијабетис .
И уште нешто… Бебето ќе ви биде слатко и здраво, како чоколадо 🙂