Чудотворна коприва
Дар од природата: Оваа пролет, исчистете го вашиот организам со помош на чудотворната коприва.
Зголемениот шеќер во крвта, запаление на уринарниот тракт и многу други здравствени проблеми, можете да ги ублажите со помош на зелената самониклива билка која изобилува со витамини и минерали.
Копривата цвета од пролет до есен и е извонреден додадок во тестенини и рижото, но најпопуларна е во супите. Без разлика со кое јадење да ја припремате, копривата не треба да се вари, доволно е да се издинста најдолго 2 минути. На овој начин максимално ќе ги сочувате нејзините хранливи и лековити својства, а бројните се и причините зошто треба да се конзумира.
Еве неколку причини зошто треба почесто да ја јадете копривата:
– Го подобрува системот за варење, прави детоксикација на организмот, одличен е за чистење на крвта и бубрезите, позтивно делува на панкреасот и помага во намалување на шеќерот во крвта, лечи воспаление на уринарен тракт и ја стимулира работата на цревата, па со тоа делува и како диуретик, содржи витамин Ц и А, калциум, железо, фосфор и други витамини и минерали.
Чај од коприва се користи за болести поврзани со црниот дроб и жолчка, пореметување на сонот, грчеви во стомакот, чирови, болести на плуќата итн. Доколку се одлучите сами да го берете ова распростането богатство, немојте тоа да го правите покрај автопатите или пак на места каде што постои опасност од загадување и задолжително со себе, носете ракавици. Како што е познато, листовите од копривата се прекриени со боцки кои се непријатни на допир бидејќи пуштаат остар сок на кожата која потоа пече. Исто така, без разлика на лековитите својства, копривата не се конзумира свежа бидејќи може да се предизвикаат проблеми со системот за варење и црвенило на кожата.
Рецепт за прекрасна супа од коприва чија подготовка е толку едноставна што можат да ја направат и деца.
Состојки:
– 300 грама коприва
– 5 компири средна големина
– неколку капки маслиново масло
– сол и бибер
Начин на подготовка:
- Компирите исечете ги на четвртини и ставете ги да се варат
- Пред крај на варењето додајте ја копривата која треба само да се динста
- Додадете го маслиново масло и добро измиксајте
- Зачини по желба
Совет: По желба послужете препечен леб и додатете и павлака.