ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Цицање на палецот – мит или факт
    Цицање на палецот – мит или факт

    Цицање на палецот – мит или факт

    Дали е ова толку лоша навика и имаат ли родителите навистина причина за грижа, или можеби треба да го прифатат однесувањето на детето и да му одобрат да го надмине тоа по природен пат?

    Нема ништо послатко од сликата на мало дете, изгубено во својот свет, додека со широко отворени очи со усните го цица палецот. Цица палец?! Нема тука ништо слатко, сметаат многу мајки. За некои мајки ова е многу загрижувачко.

    Така ќе ви рече помалку или повеќе секоја мајка на која детето го цица палецот со цел да се смири и кое делува како поинаку да не може да функционира. Многу мајки пробуваат се и сешто-од посипување на сол и луто пиперче на детскиот палец, претење и застрашување-но ништо не помага. Многу родители сериозно ја доживуваат навиката на своето дете да го цица палецот и загрижени се дали е се во ред со неговото емоционално и психичко здравје.

    Емоционална поддршка

    Родителите не грешат многу во желбата нивното дете да се ослободи од навиката да го цица палецот, но таа не треба да се смета за потполно лоша и негативна. Можете да се запрашате дали детето ја поминува развојната анксиозност и дали можеби не успевате да постигнете со него однос на доверба, главна причина поради која родителите сакаат детето да престане да го цица палецот е тоа што глетката не им е пријатна за очите. Вистина е дека цицањето на палецот може да влијае на анатомијата на вилицата на лицето, но се работи за автоматски рефлекс кој се јавува уште додека детето е во стомакот на мајката, и е добар показател дека детето успева само да ги регулира емоциите, да не зависи од надворешните помагала.

    Утеха

    Цицањето на палецот се јавува кај човеколиките мајмуни, шимпанзата и кај човекот. Бебињата уште во стомакот на мајката чувствуваат потреба нешто да цицаат, прво како начин да се хранат, а потоа и за да се смират и утешат. Цицањето на палецот во детскиот мозок го ослободува допаминот и ендорфинот, хормони од кои се чувствуваат смирено и среќно, поради што и се јавува навиката. Ако детето е помало, полесно доаѓа до емоционална ранливост. Бебето се вознемирува поради било што-ако мајката не е во собата, ако ја нема омилената играчка во близина, ако се слушне поголема бучава.

    Тогаш цицањето на палецот на бебето му овозможува смирување и утеха, и го намалува стресот. Додека не ја добијат емоционалната и интелектуалната зрелост за да се снајдат во одредени моменти, на децата им се потребни механизми како цицање на палецот, галење со ќебе или вртење на косата. Стручните лица сметаат дека причина за грижа нема до петтата година на детето. До тогаш почнуваат да се однесуваат како и повеќето нивни врсници, затоа што ги гледаат и пробуваат да се вклопат во група. Наоѓаат нови занимации за да ги запослат своите прсти како цртање, пишување, боење, правење на играчки.

    Ако детето до својата шеста година не престане со цицањето на палецот, треба да се однесе на психолог.

    Проблеми со забите и вилицата

    Цицањето на палецот може да претставува проблем со забите и вилицата. Ако се работи за пасивен облик на цицање овој проблем го нема. Но ако детето силно го цица палецот и откако ќе му се појават забите, може да дојде до промена на положбата на забите, односно до пореметен загриз, кога горните заби ќе бидат исфрлени повеќе од нормално.

    Со силно цицање на палецот, долната усна може да биде исфрлена и отечена.

    Овие деформации предизвикуваат не само естетски проблеми, туку  и проблем со џвакањето, зборувањето и дишењето.

    Волшебно стапче

    Секој родител би сакал да постои волшебно стапче кое може да го одвикне детето од оваа навика. Не постои стапче, затоа ви предлагаме неколку предлози за да му помогнете на детето да се одвикне од цицањето на палецот:

    – Со нежно и лесно одвикнување може да почнете од втората година, но можете да му дозволите и самото спонтано да се одвикне до петтата година. Мотивирајте го детето, наградете го со звездички за добро однесување или играјте повеќе со него во парк, за да го олесните овој преоден период.

    – Немојте да кажете некои  тешки зборови или да се однесувате така што детето ќе се чувствува посрамено што го цица палецот. Тоа може да предизвика поголема нервоза и поагресивно цицање на палецот, со што детето ќе сака да се смири и утеши. Ставање на лута пиперка-никако не смеете да го направите тоа.

    – Може да користите специјален лак за нокти или заштитници за палецот, но тие средства се ограничени.

    – Најважно е цицањето на палецот да го сфатите како дел од растењето на детето. Ако навиката продолжи и после одредена возраст и почне да прави сериозни естетски и здравствени проблеми, обратете се кај стручни лица по психологија, на забар и логопед.