
ЧИСТЕЊЕ НА ЦУЦЛАТА: ЗАБОРАВЕТЕ НА БАБИНИТЕ СОВЕТИ
Многу мајки го прават тоа со цуцлата на своето дете – потполно без потреба
Имунологот професор Џон Зиглер апелира до родителите да се откажат од чистењето на цуцлата според советите на баба, така што ќе ја стават во уста пред да му ја дадат повторно на детето.
Џон Зиглер објаснува дека често се случува мајките да мислат дека е подобро прво тие да ја лизнат цуцлата пред да му ја дадат на детето, и детето ќе биде поздраво ако порано се соочи со бактериите. Ако мајката има некоја инфекција или бактерија во устата, која не е многу раширена, ќе му ја пренесе на детето.
Да се проврие цуцлата
Филозофијата за идејата дека е подобро мајката прва да ја лизне цуцлата се темели на приказната дека детето кое расте во средина која има повеќе бактерии, нема да пати од алергија во текот на животот, за разлика од децата кои растат во совршено чиста средина. Не е разјаснето кои се тие фактори за алергија, објаснува Зиглер.
Како што кажал имунологот, децата кои растат на село и на фарми поретко добиваат астма.
Тие се изложени на разни бактерии од садовите во кои се става храна за животните, но и ова не е сигурен доказ дека тоа е причината зошто тие деца поретко боледуваат од астма, наведува Зиглер.
Имунологот нагласува дека е најдобро да се провари цуцлата ако родителите сакаат да ја стерилизираат, бидејќи бебињата во тој период го развиваат имунитетот и не можат да се одбранат од сите инфекции и бактерии, а некои можат да бидат и многу опасни.
Заблуди
Уште една голема заблуда е дека ако мајката прва ја лизне цуцлата помали се шансите дека детето ќе се разболи од астма.
Истражувањата на Хенри Форд од здравствен центар во Америка покажуваат дека еден дел од мајките ги стерилизира цуцлите со проварена вода, еден дел од мајките ги мијат со сапун и вода, а најмал број на мајки пред да му ја дадат на бебето прво ја ставаат во својата уста.
Студии кои не се сложуваат
Докторката Елејн Аби Џуд рекла дека истражувањата кои ги направила покажуваат дека ако бебињата се изложени на одредени микроорганизми, помали се шансите да заболат од астма.
Нашите истражувања покажуваат дека ако родителите ја земат цуцлата во својата уста пред да му ја дадат на детето, кај тие деца е откриен понизок ниво на IgE антителата. Високиот ниво на IgE антителата го зголемува ризикот од алергија и алергиска астма, објаснува докторката Елејн Аби Џуд.
Магазинот “The San”, пишува дека во Британија повеќе од милион деца боледуваат од астма. Децата со зголемена тежина почесто заболуваат од астма, отколку тие кои се поактивни и со помала тежина.