Читајте му книги на бебето – никогаш не е премногу рано да се започне
Во читањето треба да уживате и Вие и бебето. Времето што го поминувате на овој начин е прекрасен начин да се поврзете, но исто така и да го стимулирате развојот на бебето. Љубовта кон читањето се гради од многу рана возраст, но со помош на книгите ќе се забрза говорот и збогати вокабуларот на вашето дете.
Зошто треба да му читате на бебето?
Читањето е одличен начин да развиете близина со вашето бебе. Тоа ќе го има вашето неподелено внимание и ќе се чувствува сигурно, а тоа е многу важно за неговиот социо-емотивен развој. Колку повеќе читате, бебето со тек на време ќе има се побогат речник, лесно ќе ги развива јазичните вештини, и тие ќе му помогнат за неговиот напредок во училиште.
Би било добра идеја да се добие навика да му зборувате секојдневно на вашето бебе за она што го правите во текот на денот. Ова е најдобриот начин да му помогнете да го развие својот јазик и да го разбере светот околу себе. Кога бебето е будно, зборете му каде одите, какви продукти ставате во јадењето, кои делови од телото или облеката постојат.
При читањето на бебето, надоврзете ја приказната со средината што ве опкружува, што со време ќе му биде позната и така природно воведувајте го во сето она што се појавува во неговиот живот.
Кога да почнете да му читате на бебето?
Никогаш не е премногу рано да започнете да му читате на вашето бебе. Бебето го препознава гласот дури и во матката и сака да ве слуша. Одличен начин да се поврзете со бебето е да почнете да читате акцентно повремено во последните месеци од бременоста. Колку порано ќе почнете да му читате на новороденчето, тоа ќе биде позитивно влијание врз него кога ќе порасне.
Разбирливо е дека новородените бебиња нема да го разбираат значењето на зборовите кои ги читате, но мелодичноста на вашиот глас ќе го стимулира развојот на слухот на бебто, вештината на слушање, која ќе му биде важна кога многу години подоцна ќе почне да учи. Бебето ќе ужива во вашето неподелено внимание.
Децата не се раѓаат со природна љубов кон читањето и книгите, тоа е вештина која некој мора да им ја приближи и која не се развива преку ноќ.
Како бебето ќе подпорасне, можете да се префрлите на сликовници со јасни контрасти и бои и тоа ќе ужива во гледање на слики. Со текот на времето, обидете се да го промените тонот на гласот, да ги имитирате звуците, животните и на тој начин да им дадете нова димензија на вашите приказни. Поставувајте им прашања на постарите бебињаа, дури и ако тие сè уште не можат да ви одговорат.