• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Човекот кој спасуваше илјада детски животи: Доктор Моро и неговата супа од моркови
Човекот кој спасуваше илјада детски животи: Доктор Моро и неговата супа од моркови

Човекот кој спасуваше илјада детски животи: Доктор Моро и неговата супа од моркови

Ернесто Моро беше педијатар кој донесе големи откритија во лечењето на бебињата, а едно од клучните е добропознатата супа за лечење на дијареа.

Иако неговото име не се слуша секојдневно, Ернесто Моро е еден од докторите кој со своите совети има помогнато на многу голем број на бебиња. Тој е австријски педијатар, признат доктор кој има направено големи работи за децата.

На почетокот на 20-от век педијатријата штотуку се развивала, па смртноста на малечките била доста голема. Еден од главните причинители за смртност била дијареата. Доктор Моро успеал да пронајде генијален лек со кој спасил голем број на животи. Станува збор за еден многу едноставен рецепт за супа од моркови.

За припрема е потребно:

-500 гарама моркови;

-вода и

-сол

Припрема:

Потребно е добро да ги исчистите и да ги измиете морковите. Потоа варете ги додека не омекнат. Испасирајте ги морковите и додајте вода, така што вкупната течност да изнесува 1 литар.

Се испоставило дека оваа супа ја стопира дијареата, дури и нејзиниот најлош облик. Со овој рецепт докторот спасил повеќе од илјада деца. Подоцна, студиите покажале дека олигосахаридите од супата од морков спречуваат бактериите да се сврзат за ѕидовите на интестиналниот тракт, па на тој начин дијареата се стопира. Подоцна супата е заменета со лекови и антибиотици.

Покрај ова откритие, Ернесто Моро ги поставил основите на модерната педијатрија.

-го открил Мооровиот рефлекс;

-заслужен е за терминот “прв триместар” во кој ги опишал клучните сегменти од бременоста;

-направил едноставен кожен тест за туберкулоза, кој се користел до 1960 година;

-открил дека малечките кои се дојат полесно се борат против бактериите од оние кои се хранат со шише.