• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Црвенило во пределот на вратот
Црвенило во пределот на вратот

Црвенило во пределот на вратот

На местата каде што на кожата се појавуваат “набори” може да дојде до иритација пропратена со црвенило. Имено, се работи за триење на кожа со кожа што предизвикува црвенило. Тоа најчесто се случува кај напредните бебиња кои имаат мал вишок на поткожно масно ткиво на вратот, па кожата тука лесно се “набира”.

Од друга страна, кај бебињата може да се појави и едно кожно пореметување (себороичен дерматит). Тогаш обично се забележуваат и лушпички на црвенилото, а кожата е некако “здебелена” и тврда.

Кога ова црвенило ќе биде забележано, треба внимателно да се измие и да се исуши бебешката кожа (особено во наборите), да се избегнуваат масни креми ко ја “гушат” кожата, а треба да се користат само благи “хранливи” креми за нега на бебешката кожа без никакви додатоци.

Ако после неколку денови ситуацијата не се подобри, се препорачува родителите задолжително да се јават на педијатар.