• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Цуцла – спас или лоша навика?
Цуцла – спас или лоша навика?

Цуцла – спас или лоша навика?

Родителите во цел свет со векови користат разни помагала за да ги смират своите бебиња, а најпопуларна меѓу нив е секако цуцлата. Дознајте кои се лошите и добрите страни на цуцлата…

Бебињата ги смирува рефлексот на цицање кој им е даден веднаш по раѓањето и затоа на бебињата им се дава цуцла, за да се смират кога се будни, а не е време за хранење. Кога бебето малку ќе порасне тоа обично пронаоѓа некој свој начин за да се утеши, а меѓу нив редовно е и палецот или сепак цуцлата.

На некои родители цуцлата им е спас и едноставно не можат да го поминат денот без нејзина помош. Постојат и родители кои сакаат на секој начин да ја избегнат употребата на цуцлата. Ние сме сигурни дека секој може да го смени мислењето кога бебето ќе плаче, а ништо што ќе направите не може да го смири. Во секој случај изборот е ваш, а ние ќе ви ги воочиме добрите и лошите страни.

Кои цуцли се најдобри?

Пред да ја пронајдете цуцлата која на вашето бебе највеќе му одговара може да помине одредено време и сигурно ќе фрлите неколку цуцли пред да ја најдете правата. Повеќето од нив се направени од силиконски или гумен дел за цуцање и пластична или силиконска заштита која оди околу устата и која спречува детето да ја проголта цуцлата. Постојат и модели кои се направени од едно парче така што нема никакви состави и пукнатини во кои може да се вовлечат бактерии.

Цуцлите од латекс или гума се помеки и пофлексибилни од силиконските, ама се пократкотрајни додека силиконските цуцли се полесни за одржување и траат подолго време. Постојат и ортодонски цуцли кои се сплоснати за разлика од традиционалните во облик на цреша, а обликувани се така што бебето цица на ист начин како кога цица од брадавицата додека јаде. Исто така таквите цуцли имаат помало влијание на растот на забите и затоа можеби се малку подобар избор.

Кога е правото време за цуцла?

Некои основни препораки на лекарите кажуваат дека ако доите треба да се причека бебето да наполни еден месец па да му се даде цуцла. Тоа е за да имате доволно време за да се направи продукција на млекото. Потоа се зависи од вас дали ќе му дадете и кога ќе му дадете цуцла на бебето. Повеќето од родителите ја користат првите шест месеци, бидејќи слушнале дека таа го намалува ризикот од синдромот на ненадејна смрт кај доенчињата, но научни докази кои зборуваат за тоа уште не постојат.

Меѓутоа стручните лица тврдат дека најдобро време за одвикнување на бебето од цуцла е помеѓу шест и 12 месеци, затоа што постојат лоши страни ако бебето подолго ја цуца цуцлата.

Може ли цуцлата да влијае на доењето?

Кај некои бебиња може да влијае, но тоа е многу ретка појава, но поради таа причина за секој случај се препорачува да не му нудите на бебето цуцла пред да се навикне на редовно цицање, односно не пред да наполни еден месец. Во текот на првите денови по раѓањето количината на млекото се зголемува спрема потребите на бебето, што значи што повеќе бебето јаде се повеќе млеко се собира во градите, а цуцлата може да влијае на тој процес.

Користењето на цуцлата се поврзува и со одвикнување на бебето од доење, и веројатно децата кои користат цуцла ќе цицаат пократок период, но поновите истражувања го побиваат тој фактор и кажуваат дека цуцлата не може да влијае на доењето.

Предности на користење на цуцлата

-Цуцлата може да го утеши бебето и да му помогне само да заспие.

-Чинот на цицање може да ги намали болките, може да му помогне на бебето полесно да го помине вакцинирањето.

-Цуцлата им помага на предвреме родените бебиња. Ако им се даде цуцла пред доење побрзо ќе се навикнат на шишето за хранење, а ќе бидат и помирни после доењето.

-Со цуцлата може да ги залажете бебињата и така да им ја понудите дојката да цицаат.

Недостатоци на користење на цуцлата

-Долготрајното користење на цуцлата го зголемува ризикот од инфекции на средното уво.

-Цицањето може да ги насочи бактериите од устата на бебето до тесните цевчиња помеѓу увото и грлото.

-Ако бебето премногу ја користи цуцлата може да има влијание на формирање на устата на бебето.

-Цуцлата може да има и лошо влијание на растењето на забите.

-Долготрајното цицање може да има влијание и на говорот и звуците кои бебето ги кажува.

Важни совети

-Користете ортодонска сплосната цуцла.

-Одржувајте ја чиста цуцлата и стерилизирајте ја почесто.

-Проверувајте ја цуцлата да не е изгризана.

-Никогаш немојте да ја мачкате цуцлата во шеќер или мед.

-Немојте да му давате на бебето цуцла ако нема потреба.

-Пробајте да го одвикнете бебето од цуцла пред да наполни една година, бидејќи потоа тоа ќе биде потешко.