• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Чудесната моќ на мајчиниот допир
Чудесната моќ на мајчиниот допир

Чудесната моќ на мајчиниот допир

Замислете дека во блискиот супермаркет се продава волшебен напиток кој сигурно го смирува бебето, го подобрува неговиот сон и го прави задоволно и среќно. Нема сомнеж дека веднаш би побрзале да го купите. Но тој волшебен напиток вие веќе го поседувате. Оној момент кога ќе станете мајка, жената навистина развива прекрасна супермоќ, а сигурни сме дека досега сте ја користеле. Се сеќавате ли дека бебето веднаш престанало да плаче кога сте го земале од креветот и сте го држеле во прегратка, дека инстинктивно сте го гушнале своето малечко кога за прв пат одело во градинка, или дека веднаш сте му го погалиле болното колено кога се удрило? Чудесната способност да го утешите вашето дете не може да се купи – веќе ја имате во своите раце.

Моќта на допирот е непроценлива за бебето уште од првиот ден по раѓањето, но не губи на значење ни подоцна во текот на растењето и подоцна во животот. Не мора да чекате бебето да биде вознемирено за да ја употребите својата чудесна моќ на допирот. Ако вклучите повеќе нежен контакт во дневната рутина на детето ќе забележите дека тоа ќе стане посмирено и позадоволно, било да се работи за новороденче или за малечко кое веќе оди и го истражува светот.

Допирот за детето е еднакво важен како и храната, вели докторката Тифани Филд од Институтот за проучување на допирот во Мајами.

“Допирот е многу важен начин на комуникација со бебето. Преку него тоа се чувствува посигурно, заштитено, сакано, поради што станува смирено, задоволно и полесно воспоставува ритам на спиење. Никогаш не е премногу рано – или премногу доцна да почнете”.