Чудотворна билка
Чудотворен Маслачак
Оваа билка расте на секој ќош, а сирупот од неа прави еликсир за организмот.
Маслачак е одамна познат по лековитете својства и истиот се користи сушен и свеж. Содржи пелин, цинк, флавоноиди, витамин Б, стерол, танин, калиум, а листовите му се богати со витамин Ц и железо.
Иако до неодамна е користен како диуретик, докажано е дека маслачак има и други лековити својства. Освен што ја подобрува работата на бубрезите, јетрата и желудникот, ја прочистува крвта, го намалува нивото на холестерол, лечи чирови, егземи и кожни болести.
Иако до сега можеби сте навикнале да го јадете во салата или пак да го пиете како чај, пробајте го овој фантастичен сок.
Наберете 3 шаки од листовите ставете ги во блендер и додадете 50 ml, вода. Добиениот сок, процедете го низ газа, па потоа ставете го во стаклено шише и чувајте го во фрижидер. Земајте по една лажица три пати дневно барем три недели.