• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Чување на мајчиното млеко
Чување на мајчиното млеко

Чување на мајчиното млеко

1.Измолзете го млекото. Користете ја пумпата за измолзување или направете го тоа рачно во некој стерилен сад., на пример во шише. Се препорачува мајките да чуваат резерви за еден целосен подој (60-120 мл) и за неколку делумни подои (30-60мл).

2.Цврсто затворете го садот.

3.Означете ги датумот и времето на садот.

4.Ставете го садот во фрижидер или преточете ја содржината во пластична кеса и чувајте ја во замрзнувач.Мајчиното млеко во фрижидер може да остане 5 дена – а можете и да го замрзнете во текот на тие 5 дена. Во замрзнувач млекото може да стои  2 до 4 месеци.

Важно (Одмрзнатото мајчино млеко  мора да се потроши за 24 часа. По овој период мора да се фрли).