• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Дајте им инспирација за размислување на вашите деца
Дајте им инспирација на вашите деца да размислуваат

Дајте им инспирација за размислување на вашите деца

Инспирирајте ги вашите деца да размислуваат.

Предлог на документарци кои би требало да ги гледате со вашите деца

Едни од креативните начини да поттикнете кај вашите деца да развиваат друштвена и еколошка одговорност е да гледаат документи. Ова е забавен начин за целото семејство да го помине квалитетно заедничкото време.
Foto: Profimedia
Доколку вашето дете има било каков вид на уред – телефон, таблет, конзоли за играње..што имате вие? Вие имате чувство дека константно се борите за нивното внимание. Се потешко станува делењето на искуство со вашите деца, но една работа не можат да одбијат а тоа е филмот

dokumentarci
Погледнете ја листата на најмоќните документарци кои треба да ги погледнете со своите најмили.

1. Ме нарече Малала (He named me Malala)
Овој документарец збори за младо пакистанско девојче и нејзината борба во образованието. Вашето дете, после овој документарец нема да продолжи да се жали за учењетои школото.
Возраст над 12+

2. Маршот на пингвините (March of the Penguines)
Овој возбудлив документарец ги прикажува пингвините за време на нивниот годишен марш на Антартикот. Прекрасна нарација на Морган Фримен го зголемува квалитетот на овој филм.
Возраст 6+

3. Вознемирени (Fed Up)
Овој е документарец кој момра да го погледнат сите родители кои се борат со шеќерот во исхраната кај децата. Вашите малечки ќе престанат да молам за десертите по ручекот откако ќе сфатат, по гледањето на документарецот колку опасности прави шеќерот во нивното тело.
Возраст 10+

4. Крилја на животот (Wings of Life)
Дизниевиот документарец за пчелите, лилјаците и птиците е пријатно изненадување
Возраст 6+

5. Злоставуван (Bully)
Напнат но многу важен документарец за тинејџерите во кој се објасуваат ефектите од злоставувањата.
Возраст 12+

6. Планета земја 2 (Planet Earth II)
BBC нуди неверојатна серија за нашата планета во која се прикажани чуда од целиот свет кои буквално ви го одземаат здивот.
Возраст: За сите возрасти.

7. Црна риба (Blackfish)
Оваа тажна приказна за китовите убијци не е лесна за гледање, но дефинитивно ви дава поучна лекција.
Возраст: 13+

8. Јас сум единаесет годишник (I Am Eleven)
Симпатичен документарец кој нуди неверојатен приказ за призмата низ која гледаат единаесет годишните деца ширум планетета.
Возраст 10+

9. Танцување во Јафа (Dancing in Jaffa)
Овој докуметарец говори за меѓусебното сочуствување, каде ги учат еврејските и палестинските Израелци да танцуваат и да се натпреваруваат заедно.
Возраст 12+