• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Дали бебето треба да има гаќи за капење додека сте на море
Дали бебето треба да има гаќи за капење додека сте на море

Дали бебето треба да има гаќи за капење додека сте на море

Додека се сеуште мали, до 6 месеци, на бебињата додека се во море можете да им ставите пелени за вода. Понекогаш е добро дури и малце да им ги соблечете, како малку би се ослободиле од таа стега и да им облечете гаќи за капење.

Она што задолжително треба да им го облечете пред капењето во морето е маичка со долги ракави која во себе има УВ заштитен фактор, но пред тоа задолжително намачкајте ги со средство за заштита од сончевите зраци.

Можете да им ставите малку мокар шешир на главата, а најдобар совет е припремите за на плажа да ги правите во соба или во кола, како самите на себе би си го олесниле “тркалањето” во песок.

Затоа опуштете се и уживајте со вашето бебе на море. Него му е сеедно дали сте на месечината или на море, важно му е дека тоа покрај вас се чувствува сигурно. Доколку сеуште имате време додека да одите на море, одете право на базен како би се подготвиле со вашето бебе.

Она што е многу важно за секој родител, без оглед на тоа колкаво е детето, дали е бебе од 6 месеци, година дена или постаро, немојте да го туркате во вода, доколку почне однапред да плаче. Почекајте неговите очи да се навикнат на ново пространство, ушите на новите чула…Најлесно е да го фрлиме во море додека вреска, но така само ќе му влееме страв.