Дали бебето за време на сонот треба да носи цуцла?
За оние бебиња на кои цицањето им претставува задоволство и кои помеѓу останатото имаат потреба за тоа и покрај нутритивните потреби, цуцлата може да биде корисна додека спие.Доколку го доите бебето, почекајте да помине еден месец од неговото раѓање за да поченете со давање цуцла. Ова е важно, бидејќи треба да бидете сигурни дека сте воспоставиле навика за доење, но никако немојте да дозволите цуцлата да биде замена за доење. Лулајте, пејте и мазете се со своето бебе додека го успивате. Изгаснете го светлото и пуштете тивка музика. Но, пред да заспие, бидете сигурни дека е сито. Кога се работи за тоа дали да се користи цуцла додека детето спие, постојат многу кои се против но и оние кои се за. Некои студии утврдуваат дека цуцлата во текот на сонот може да го спречи синдромот на “изненадна смрт” (SIDS). Од друга страна, оние бебиња кои користат цуцла и после шест месеци, склони се кон добивање на инфекција на увото, габична инфекција како и инфекција на цревата.
Зависноста од цуцла може да има и лошо влијание врз родителите. Плачот и пронаоѓањето на цуцлата во текот на ноќта знае да биде навистина многу исцрпувачки.
Од друга страна доколку вашето бебе е преладено или пак тешко дише низ нос, ќе биде многу тежок периодот за бебето кое е зависно од цуцла.
Доколку го одвикнете вашето дете од цуцла до петтата година, нема да мора да се грижите за тоа дали долгорочно ќе има дентални проблеми. Причината за тоа е што во тие години детето има млечни заби, додека трајни заби најчесто не се појавуваат до шестата година.
Затоа, не заборавајте да посетите стоматолог доколку вашето дете е зависно од цуцла, со цел избегнување или навремено санирање на потенцијалните проблеми.