Дали бебињата знаат што е добро, а што е лошо?
“Кога мојот седуммесечен син ја фати мојата постара ќерка за коса, таа плачеше а тој се смееше. Во тој момент, не бев сигурна дали тој знаеше што е добро, а што е лошо. Дали бебињата знаат да распознават добро од лошо? “, Праша една мајка.
Ова исто така беше случај со научници од различни универзитети. Според нив, бебињата и малите деца знаат да разликуваат добро од лошо, сакаат доброто да се награди и да се казнува лошото. Тие сакаат да им помогнат на оние што се во неволја. Бебињата “знаат” за сочувство, вина и праведен гнев.
Тврдењето дека децата кога се раѓаат се “tabula rasa” не се точни. Научниците тврдат дека бебињата од три месеци можат да разликуваат добро од лошо. Исто така, бебињата го делат светот на наш и нивен. Бебињата ги сакаат луѓето какви што се тие самите, во секоја смисла.
Истражувањето вклучуваше експеримент со добри и лоши кукли. Една кукла се обидувала да ја отвори кутијата. Добрата кукла ѝ помагала, а лошата со трескање ја затворала кутијата. Повеќето бебиња ја избираа добрата кукла.
Дали ова значи дека може да се предвиди кое дете може да стане проблем во општеството во подоцнежниот период? Научниците истакнуваат дека огромното мнозинство на бебиња го избира доброто одколку лошото и дека само помал број бебиња го избираат поинаку.