ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Дали бебето дише додека спие – главен страв на новопечените родители
    Дали бебето дише додека спие - главен страв на новопечените родители

    Дали бебето дише додека спие – главен страв на новопечените родители

    Наслушување дали новороденчето диши

    Дали сте и вие едни од оние родители кои со радост го дочекале бебето во својот дом, некогаш денот ви е напорен и едвај чекате бебето да заспие, а потоа го надгледувате креветчето и применувате разни техники за да проверите дали бебето диши? Многу често се случува и да го разбудите. Не се грижите, низ овој период поминале сите родители.

    Колку често е нормално да проверувате дали бебето диши?

    Проверувајте толку пати колку што ќе биде потребно да се чуствувате смирени. Немојте да се воздржувате, ако не можете да седите мирни и сте загрижени. Сепак, недостатокот на сон може да ви биде голем проблем, па најдобро ќе биде ако првите месеци бебето спие до вас во корпа, колевка или креветчето да ви биде при рака. Ако можете да го видите или допрете бебето во било кој период од денот, повеќе ќе одморите.

    Старав од СИДС-а

    Сигурно веќе сте слушнале за Синдром на изненадувачка смрт на новороденчето (SIDS). За ова многу се пишува и зборува, но најважно е да знаете дека тоа не се случува често. Ако ги исклучите факторите на ризик(перница, плишаните играчки, пушење во просторијата во која спие бебето, и ако нема респираторни проблеми), можете да бидете помирни и да се опуштите.

    Постојат подлоги кои се стават под бебето и го отчитуваат дишењето, па ве известуваат по пат на алармот за бебе. Меѓутоа, тие многу често се активираат по грешка што доведува до многу поголема паника и прекини во спиењето.

     

    Што е нормално дишење на бебето во текот на спиењето?

    Некогаш бебињата во текот на спиењето рчат, цоктат но и толку тивко дишат па затоа не можете да ги чуете. Сонот на новороденчето се состои од различни циклуси, од брзо прогресивно дишење, кое е длабоко, до поспоро и поплитко. Во првите месеци, дишењето на бебето со време ќе стане позрело, со воздишки од време на време. Рчењето од време на време е нормално и не треба да ве плаши.

    Како да се провери дали бебето диши?

             Слушајте-наведнете се и приближете го увото до устата и носот на бебето, така ќе го слушнете дишењето.

             Осетете-нежно доближете го образот до лицето на бебето и ќе го осетите неговото дишење на кожата.

             Гледајте-наведнете се така да очите ви бидат во равнина со стомакот на бебето, гледајте во градите како полека се движат горе-доле.

    Кога ќе одите на првиот преглед кај педијатар, тој ќе го провери дишењето на бебето. Ако и понатаму сте загрижени, разговарајте со лекар и кажете каков проблем имате. Лекарот ќе направи детален преглед на новороденчето и тоа најдобро ќе ве опушти да не бидете загрижени бидејќи е се во ред со бебето. Ако се покаже дека и на педијатарот нешто не му е јасно, ќе ве упати кај специјалист.

    Кога треба да го однесете детето/бебето на лекар?

             Ако имате повеќе од 60 вдишувања во минута,

             Ако приметите дека диши така што ги шири ноздрите бидејќи му недостига кислород,

             Ако бебето секојдневно е задишано на крајот на денот,

             Поголема кашлица која трае подолго,

             Ако приметите дека мускулите под ребрата на бебето и на вратот се вовлекуваат подлабоко отколку што е потребно кога дишеме вообичаено,

             Ако дишењето претане на повеќе од 10 секунди,

             Појава на сини триаголни дамки на челото, околу носот и устата (знак дека бебето не добива доволно кислород)

    Проблемите со дишењето на новороденчето не се толку чести, како што им се чини на родителите. Обично се работи за еден непотребен страв покрај многуте грижи кои се јавуваат со раѓањето на детето. Еден ден како и многу родители со смеење ќе прераскажувате како сте го буделе бебето намерно, затоа што не сте биле сигурни дали диши.