Дали близнаците имаат свој јазик
Истражувањата најчесто потврдуваат дека децата близнаци подоцна прозборуваат од своите врсници. Научниците велат дека доколку близнаците се родени порано оваа појава е доста честа. Како главна причина се наведува фактот дека родителите не успеваат максимално да се посветат на двете бебиња, односно на секое бебе поединечно, помалку разговараат со нив затоа што немаат толку време како мајките и татковците кои имаат едно дете.
Од друга страна, научниците објаснуваат дека близнаците често, околу втората година од животот, кога децата почнуваат да зборуваат, развиваат јазик кој им е разбирлив само ним. Тоа се случува во дури 40% од случаите. Стручните лица тоа го нарекуваат “јазикот на близнаците” или “идиоглосија” и “криптофазија”.
Се манифестира така што бебињата зборовите ги изговараат неправилно или употребуваат некои кои воопшто не постојат, а меѓусебно се разбираат. Веќе околу третата година, близнаците го напуштаат својот јазик и главно почнуваат да се вклучуваат во разговори кои на сите им се разбирливи.