Дали е безбедно да се конзумираат рибино масло и останати омега – 3 суплименти за време на бременоста
Да. Имено, доколку не јадете доволно масна риба, а би требале тоа да го практикувате барем еднаш или два пати неделно, тогаш користењето на омега – 3 суплименти е одлично решение.
Одредени видови на риба се одличен извор на омега – 3 масни киселини, кои се важни за развојот на бебешкиот мозок и очите на бебето. Масната риба содржи најголем процент на омега – 3 масни киселини.
Секако подобро е сите потребни нутриенти да ги внесувате по пат на намирници, а не по пат на суплименти, само поради тоа што со намирниците ќе внесувате и други корисни нутриенти кои ви се потребни и вам, но и на развојот на вашето бебе.
Меѓутоа секогаш постои можност да не ја јадете правата риба, бидејќи одредени риби треба да се избегнуваат поради зголеменото ниво на жива.
Доколку не јадете доволно количество на лосос, харинга, туна или сардина, евидентно е дека потребната количина на омега – 3 масни киселини ќе морате да ги побарате на друго место.
Белата туна на пример е добар извор на овие масни киселини, но воедно и извор на жива, затоа стручните лица сметаат дека трудниците не би требале да ја јадат често.
Семето лен е добар извор на омега – 3 масни киселини, но само на еден вид – ALA масни киселини, за кои не е потврдено дека имаат некаков бенефит, додека за масните киселини DHA и EPA потврдено е дека помагаат при развојот на мозокот и на очите.
Намирниците како јајца, млеко, производите од соја, јогурт, леб, житарици сега се заситени омега – 3 масни киселини. Некои од нив не содржатDHA или EPA масни киселини, а некои содржат мали количини.
Суплиментите затоа можат да помогнат да го достигнете внесот на 300 милиграми DHA масни киселини дневно, како што предлагаат стручните лица. Но доволно е во текот на денот да внесете и 200 милиграми DHA масни киселини преку суплименти, затоа што остатокот ќе го обезбедите со останатите намирници, иако тоа не е нужно рибата.
Многу суплименти содржат рибино масло, а поголемиот број од нив се ослободени од жива. Живата се врзува за протеините внатре во рибата (за месото од рибата) а не за масните наслаги од кои потекнува рибиното масло. Некои произведувачи го прочистуваат маслото како би ги одстраниле сите токсини доколку ги има.