Дали е момче или девојче?
Додека не постоеа ултразвучните прегледи, веројатно имаше смисла да ги слушаме искусните тетки, баби и останати “стручњаци” кои “непогрешливо” го одредуваа полот на бебето. Но, и денес иако постојат 1001 начин да се дознае дали бебето е момче или девојче, можете да очекувате дека некој од роднините ќе ви каже дека народните верувања се многу точни.
Непотребен ви е извештајот од лекарот во кој е одреден полот, големината, тежината и должината на бебето, количината на плодовата вода, кога тетките, стрините и бабите знаат најдобро..
Ајде да видиме врз основа на кое сознание одредуваат за вашата бременост и полот на бебето….
Обликот и висината на стомакот
Постојат верувања дека кога мајката носи машко дете го носи “ниско”, а мајките кои носат девојчиња ги носат “високо”, но тоа едноставно не е точно. Обликот и висината на стомакот зависи од тонусот на стомачните мускули, положбата на бебето и килограмите кои сте ги добиле во текот на бременоста.
Во двата случаи, независно дали носите момче или девојче, како ќе поминува бременоста така бебето ќе се спушта надоле, односно подолу во карлицата.
Бројот на отчукување на бебешкото срце
Нормална фрекфенција на работата на срцето на фетусот е измеѓу 120 и 160 отчукувања во минута, но се верува дека срцето на девојчињата работи побрзо (повеќе од 140 отчукувања во минута), а срцето на момчињата работи поспоро.
Меѓутоа, студите покажуваат дека срцевиот ритам нема никаква врска со полот на бебето и дека бројот на отчукувања варира од еден до друг преглед, зависи од староста на фетусот и неговата активност.
Обликот на мајчиното лице
Некои жени во текот на бременоста се здебелуваат повеќе, некои помалку. Дури и една иста жена во текот на две различни бремености качува различна тежина, во едната помалку во другата повеќе. Во едната бременост лицето ќе и делува слабо а во друга освежено (поправено), но тоа никако не значи дека треба да веруваме во бабските приказни дека девојчињата ја крадат убавината на мајката и дека секоја бременост со која носите женско дете нема да ве разубави.
Напротив!