
Дали го забавувате развојот на вашето дете?
Мајките понекогаш толку многу прават за своите бебиња така што го забавуваат нивниот развој. Можеби сте и вие таква мајка?
ДОЗВОЛЕТЕ ДЕТЕТО ДА ПОРАСНЕ
Немојте да правите за детето нешто што е способно да го прави самото, затоа што сакате да му олесните или затоа што немате трпеливост. Дозволете самото да го јаде ручекот или да ги врзе патиките. Вежбањето ќе му користи.
ПРИФАТЕТЕ ГО ФАКТОТ ДЕКА ЌЕ ИМА МОДРИЦИ И ГРЕБАНИЦИ
Паѓања, удирање на главата и колената се составен дел од лекцијата за тоа како функционира светот. Детето мора едноставно тоа да го запознае на потешкиот начин.
ПУШТЕТЕ ГО ДЕТЕТО ДА СИ ИГРА САМО
Детето мора само да го открие светот околу него за максимално развивање на креативноста и способноста за решавање на проблемот. Едноставни игри, како што се исфрлање предмети од вреќата и враќање на истите, се корисни за развој.
НЕКА ДЕТЕТО ШТО ПОВЕЌЕ СТАНУВА
Ако детето проодело, не го притискајте постојано во количката – поттикнете го да оди. Ако се движи во близина на количката, детето ќе побара да седне кога ќе почувствува замор.
ПРИФАТЕТЕ ХАОС
За време на оброкот, настанува една од оние хаотични ситуации која е корисна за развојот на детето. Пуштете го нека се храни само (ако веќе ја владее оваа вештина). Ако продолжите да го храните, многу подоцна ќе научи самото да јаде.